Кога станува збор за подготвување на тесто, речиси секоја домаќинка си има свој рецепт кој секогаш ѝ излегува најубаво и не го менува за ниеден друг. Сепак, некои домаќинки тврдат дека следниот рецепт на секој му излегува совршено бидејќи содржи една невообичаена состојка – моркови.




Можеби не би помислиле да ставите моркови во тесто, но со сигурност тие не доминираат на вкус, напротив даваат одлична арома, го збогатуваат вкусот и тестото изгледа обоено. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г бело брашно, 25 г шеќер (или 3 лажици), 5 г инстант квасец, 150 г моркови, 110 мл топла вода, 3 г сол, 30 мл маслиново масло.




ПОСТАПКА: Во еден послабок сад се ставаат брашното, шеќерот и квасецот и се сè меша додека да се соединат состојките. Морковите се лупат и се ставаат во блендер, изечкани на помали парчиња. Се преливаат со топла вода и смесата се блендира.




Изблендираната хомогена смеса се додава во брашното, па веднаш потоа се додаваат солта и маслиновото масло. Сите состојки заедно се инкорпорираат, додека да се формира меко и мазно тесто, кое треба да биде нелепливо под прсти.




Иако, можеби изгледа чудно што во тестото се додаваат моркови, всушност благодарение на нив, тестото излегува со перфектна конзистентност, дава прекрасна арома и на вкус е одлично. Замесеното тесто треба да изгледа исто како кога месите и обично тесто.




Замесеното тесто се покрива со стреч фолија и памучна, кунска крпа, па се остава 1.5 час на собна температура, додека убаво да ферментира и да го удвои својот волумен. По изминатото време, на работна маса наросете малку брашно за да не ви лепи, па премесете го сосем малку.




Потоа се дели на 12 парчиња кои приближно треба да бидат со иста големина. Секое парче се зема и се обликува во топче. Вака подготвените топчиња се ставаат во плех кој е обложен со хартија за печење.




Се покриваат со крпа и се оставаат уште 30-тина минути, да одморат. По изминатото време натопете ги прстите во вода и испрскајте ги одозгора печивата, и сосем малку притиснете ги ако ги сакате посплескани.




Можете да ги декорирате со семки по вкус, како бел сусам, ким итн… Вака подготвените печива, не е потребно да ги премачкувате, туку директно ги ставате да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, отприлика 12-15 минути, во зависност од јачината на рерната.




По изминатото време, печивата се оставаат малку да се оладат и потоа се послужуваат. Вака подготвените печива може да ги користите за подготовка на сендвичи, да ги потпекувате во тостер или да ги јадете наместо обичен купечки леб. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.