Вакцини во наводници затоа што не спречува иницијално заболување туку кај заболен спречува ракот да се врати после хемотерапија…

Првата персонализирана mRNK вакцина против меланом, која може да спречи и рак на белите дробови, мочниот меур и бубрезите, се тестира врз пациенти во Велика Британија.

Таа вакцина функционира така што го поттикнува телото да ги бара и уништува клетките на ракот за да спречи враќање на смртоносната болест, а може да се прилагоди на секој човек за само неколку недели, пишува „Индипендент“.

Според весникот, втората фаза од испитувањето на вакцината, во чие производство учествувале фармацевтските гиганти „Модерна“ и МСД, покажала значително намалување на ризикот од повторување на ракот кај пациентите со меланом.

Сега е покрената финалната фаза на трите испитувања, кои ги предводи Универзитетската колеџ болница во Лондон (UCLH).

Д-р Хедер Шо, координатор на испитувањето, рече дека вакцината има потенцијал да излечи луѓе со меланом и дека се тестира за други видови на рак.

Новата вакцина има за цел да го поттикне имунолошкиот систем да се бори со специфичен тип на рак.

Во Британија почнува масовно тестирање на mRNA „вакцини“ за рак

Вакцини во наводници затоа што не спречува иницијално заболување туку кај заболен спречува ракот да се врати после хемотерапија.

Всушност се работи за генска терапија која е персонализирана за конкретен пациент.

-Се прави биопсија на туморот и се почнува со лечење (хемотерапија, зрачење…)

-Материјалот се секвенцира и алгоритам наоѓа која мутација го движи ракот

-Се креира молекул на mRNA со инструкција за антигени што ќе предизвикаат имуна реакција против туморот

-После вбризгување mRNA се транслира во протеини идентични со тие на туморот што после му овозможува на имуниот систем да го препознае ракот ако се врати и да го уништи.

30 болници и неколку илјади пациенти учествуваат во тестирањето.

Се очекува да бидат ефективни против повеќе видови рак како на пример на дебело црево, бели дробови, панкреас, бубрези, бешика и други.