Овој рецепт ќе ве воодушеви. Потребни ви се 10 минути за оваа специјална подготовка на комбинацијата од зеленчук и мелено месо и уште 55 минути за да го испечете. Крајниот резултат ќе ве воодушеви и вас и вашето семејство. За приближно еден час можете да го поставите вашето јадење на трпезата…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г мелено месо, 1 главица кромид, 1 зелена пиперка, 1 црвена пипер, 1 морков, 2 чешниња лук, сол, црн пипер, црвен пипер, зачински билки по вкус.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПРЕЛИВ: 2 јајца, 200 мл млеко (1 чаша), 30 мл маслиново масло (5 лажици), 1 кесичка прашок за печиво (10 грама), 1 лажичка сол или по вкус, 240 г брашно (2 чаши), 1 компир, 1 лажица магдонос. И уште: 150 г рендан кашкавал, кечап, зачини

ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете го меленото месо (400 г), додајте една главица кромид исечкана на ситни коцкички, двете пиперки, исто така исечкани ситно и еден средно голем морков, ситно изрендан.

На крај додајте ситно исечканото лукче (или изрендано) и зачинете (сол, црн пипер, црвен пипер, мајчина душичка…) по вкус. Промешајте со лажица додека да се изедначат сите состојки, а потоа замесете ја смесата со рака, околу 5 минути за да се ослободат соковите од сите состојки.

На крај ќе добиете смеса слична како за ќофтиња. Покријте ја и оставете ја во фрижидер додека го приготвувате преливот.

За прелив: во подлабок сад ставете две јајца и изматете ги со жица-маталка. Потоа додајте една чаша млеко, 30 мл маслиново масло, една кесичка прашок за печиво, сол околу една лажичка (8 г), една лажица ситно сечкан свеж магдонос и промешајте.

Во оваа смеса додајте 240 г брашно (2 чаши) па убаво промешајте додека да се изедначи и да нема грутчиња. Во густото, полутечно тесто додајте еден изрендан компир со средна големина. Промешајте.

Во еден огноотпорен сад со средна величина додајте малку масло и со кујнска четка намастете го преку целата површина и ѕидовите. Излејте половина од смесата од јајца, брашно и рендан компир. Израмнете.

Одозгора рамномерно нанесете ја смесата од мелено месо. Израмнете. Одозгора излејте го остатокот од тестото со рендан компир, распоредете подеднакво и израмнете. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 40 минути.

Потоа извадете го садот од рерна, исечете на парчиња со големина по ваш избор, одозгора наросете кашкавал, зачинете и ставете прошарајте со малку кечап (по желба), па вратете да се допече уште 10-15 минути. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.