Рецепт на Ивана. Ова е старо балканско јадење кое во некои места се нарекува „Кукљуша“. Многу е едноставно и евтино, се приготвува брзо, заситно е и многу вкусно. Моите дома го обожаваат за ручек, па често им го приготвувам. Еве што е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г компир, 200 г кромид (2 помали главици), 200 мл јогурт (може и кисело млеко или мешавина од кисела павлака и млеко), 100 мл вода, 1 лажичка сув зеленчуков зачин (вегета), сол и црн пипер по вкус, 50 мл масло, 2 јајца, 5 лажици брашно. ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ: 200 г кисела павлака или кисело млеко и 2 чешниња лук или лук во прав




ПОСТАПКА: Компирите измијте ги со ладна вода, излупете ги, па исечкајте ги на ситни коцкички, а доколку ви се брза може и да ги изрендате. Исто така, ситно исечкајте и две помали главици кромид (околу 200 г) и додајте ги во компирот, па промешајте.




Во посебен сад пенасто изматете две јајца со миксер додека да побелат и згуснат. Потоа додајте 50 мл масло (мал филџан за кафе), 200 мл течен, густ јогурт или млечна мешавина од кисела павлака и млеко и 100 мл вода.




Промешајте за да се измешаат сите течни состојки, па зачинете со една лажичка сув зачин (вегета), малку сол и малку мелен црн пипер. Изедначете и во смесата додајте 5 супени лажици брашно.




Смесата изматете ја со миксер околу 2 минути додека убаво сè да се изедначи за да нема грутчиња. Ќе добиете течна смеса со конзистенција на густ јогурт. Со оваа смеса полека залејте ја мешавината од сечкан компир и кромид.




Добро измешајте за да се распоредат сите состојки рамномерно. По желба кој сака може да додаде и ситно сирење или малку рендан кашкавал, ситно сечкан магдонос, ситно сечкани перца од млад кромид или нешто друго по вкус, но ова е базата и како таква е многу вкусна.




Смесата излејте ја во некоја тепсија или плех со средна величина, претходно намастена и наросена со брашно и ставете да се пече во претходно добро загреана рерна на 220 степени. Печете додека убаво да зарумени. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.