Вкусни и мирисни колачи од старите рецепти. Се полнат со фил од јаболка и се многу сочни. Прочитајте го рецептот за највкусните ситни колачиња кои многу убаво одговараат со кафе и се јадат во еден залак. Лапни голтни колачиња, погодни за сите возрасни. Однатре се сочни и меки, а вкусот е неодолив. Еве што ви е потребно за да ги направите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 2 јаболка, прстофат цимет, 1 лажица путер, 1 лажица сок од лимон. ЗА ТЕСТОТО: 125 г путер, 125 г шеќер, 100 мл масло, 1 јајце, 1 ванилин шеќер, прстофат сол, – / + 350 г брашно, 6 г прашок за печиво. Фотографија и рецепт на Родна Трпеска.

ВТОР РЕЦЕПТ

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 мл млако млеко, 1 квасец, 1 лажица шеќер, 250 г свинска маст (да не се растопува), 2 жолчки, 1 јајце, 1 прашок за печиво, 1 ванилин шеќер и брашно по потреба. ЗА ФИЛОТ: 4 поголеми јаболка, 150 г шеќер или по вкус, 150 г мелени ореви и цимет по вкус.

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Подгответе го филот, за да се олади, а во меѓувреме подготвувајте го тестото за кое не се чека да отстојува. Излупете ги јаболката, исчистете ги од семките и од дршката и изрендајте ги на најкрупната страна од рендето. Прелијте ги јаболката со 1 лажица сок од лимон за да не потемнат.




Во едно тавче загрејте го путерот и кога ќе се растопи додајте ги јаболката и прстофат цимет. Гответе додека течностите од јаболкото да испарат, па тргнете го тавчето од рингла и оставете филот да се олади. Во меѓувреме подгответе го тестото. Омекнатиот путер измешајте го енергично со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додајте го маслото, јајцето, прстофат сол, брашното и прашокот за печиво.




Брашното додавајте го постепено на неколку наврати и замесете тврдо и мазно тесто, кое не треба да се лепи под прстите. Кога ќе го замесите тестото, развлечете го со оклагија најмногу што можете и исечете ги страните за да формирате правоаголник. Поделете го тестото на три еднакви делови, односно три долги ленти. На средина на секоја лента распоредете од филот кој треба да го поделите на три делови.




Завиткајте од двете страни да го затворите филот и исечете на помали парчиња, во косина, со големина по ваша желба. Наредете ги колачињата во плех, обложен со хартија за печење и премачкајте ги со жолчка. Печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 15 минути. По печењето, колачињата се наросуваат со шеќер во прав.




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Во 250 мл млако млеко ставете еден квасец и една лажица шеќер, промешајте и оставете да се активира. Потоа додавајте 250 г свинска маст, 2 жолчки, едно јајце, еден прашок за печиво и еден ванилин шеќер. Со постепено додавање на брашното замесувате средно меко тесто кое не лепи на рацете.

ВТОР РЕЦЕПТ




Од тестото се кинат парчиња, се формираат топки со величина по ваша желба, се прави вдлабнување, се полнат со фил и се затвораат, па повторно се формираат топки. Се редат во плех и се печат во загреана рерна на 180 степени. Треба да се внимава да не заруменат премногу.




ЗА ФИЛОТ: Јаболката излупете ги и изрендајте ги, а потоа пропржете ги додека да им испари течноста. Додајте неколку лажици шеќер (околу 150 г), 150 г мелени ореви, малку цимет по вкус. Печените колачиња додека се топли се валкаат во шеќер во прав. Деталите од целата постапка за првиот рецепт може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.