Вкусни и мекички како душа…Убедливо најдобриот рецепт за крофни, сите ќе ви го бараат рецептот…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г брашно
150 мл млако млеко
5 лажици шеќер
75 г растопен путер
1 кесичка сув квасец 7 г
2 јајца
2 жолчки
1/2 лажичка сол
фил по желба за полнење
хартија за печење исечена на квадрати (за секоја крофна)

ПОСТАПКА:

1.Растворете ги квасецот и една лажица шеќер во млако млеко. Во подлабок сад помешајте го брашното со 4 лажици шеќер и половина лажичка сол. Додајте ги јајцата и жолчките на собна температура, растопениот путер и активираниот квасец.

2.Замесете меко и нелепливо тесто, покријте го и оставете го на топло да ферментира еден час, убаво да го удвои волуменот.

3.Тестото премесете го на работна површина, потоа кинете парчиња од него (или поделете го на 15 делчиња) и обликувајте топчиња.

4.Секое топче ставете го на парче хартија и малку сплеснете го. Вака подготвените крофни ставете ги во плех, покријте ги и оставете ги на топло да ферментираат 45 минути.

5.Загрејте масло со длабочина од 1-2 см на умерена температура (од вкупно 6, на 2-3) и спуштајте ги крофните со горната страна (хартијата тргајте ја) и веднаш поклопете ги со капак.

6.Пржете ги неколку минути, па штом заруменат од едната страна, превртете ги и пржете ги уште неколку минути од другата страна. Вадете ги врз хартиена салветка.

7.Полнете ги со фил по желба и одозгора посипете ги со шеќер во прав. Деталите погледнете ги ОВДЕ.