Home Рецепти Вкусни и брзи проички со сирење – се мери со шолји, сè...

Вкусни и брзи проички со сирење – се мери со шолји, сè оди по 3, рецепт лесен за запамтување

Фото и рецепт: Николинка Касап

Како што можете да забележите, рецептот е многу лесен и лесно може да се запамти. Единствено масло се става една шолја и еден прашок за печиво, а сето друго е по 3. Проите се навистина многу вкусни.

Потребни состојки:

300 г фета сирење
3 јајца
3 шолји (од 200 мл) бело брашно
3 шолји пченкарно брашно
3 шолји газирана вода
1 шолја масло
1 прашок за печиво

Постапка:

1.Изматете ги јајцата, па додадете го маслото и газираната вода. Убаво соединете.

2.Брашната измешајте ги и додадете го прашокот за печиво. Додадете ги во смесата од јајца.

3.Изматете убаво за да нема грутчиња. На крај додадете го издробеното сирење.

<

4.Вклучете ја рерната да се загрева на 200-180 степени. За тоа време пригответе ги хартиените калапи за мафини.

5.Полнете ги калапите но не претерувајте, нека има барем еден прст празнина или 2/3 од калапот, бидејќи при печењето проичките ќе нараснат.

6.Ставете ги да се печат додека убаво да заруменат и послужете ги топли.

Фото и рецепт: Николинка Касап