Овие колачиња почнаа речиси сите да ги бараат, па ги правам многу често, секој ден. Толку се вкусни што сите се јадат во неколку минути, па правам после втора тура. Се приготвуваат многу лесно и едноставно, а ќе ви бидат потребни само 3 состојки.

Многу вкусни ситни колачи кои не се печат. Без, брашно, јајца и други класични состојки за подготовка на домашни колачи. Овие колачиња ги дознав случајно, а сега со сите го споделувам рецептот бидејќи се многу вкусни.

Покрај тоа се подготвуваат многу лесно и едноставно, погодни се за сите кои немаат многу време да посветат во кујната, а сепак на трпезата да имаат нешто домашно и вкусно.

Ќе ви бидат потребни само следниве состојки: 260 г бисквити (плазма), 2-3 банани (околу 250 г) и 160 г чоколадо.

Постапка: Земете ги бисквитите и скршете ги на помали парчиња. Ставете ги во блендер и сомелете ги во прав (како плазма). Доколку имате мал блендер како мојот, направете го тоа на два или трипати.

Потоа мелените бисквити префрлете ги во подлабок сад. Бананите излупете ги и исечете ги на кругови, па изблендирајте ги во густа маса. Потоа оваа смеса ставете ја во мелените бисквити и малку соединете со шпатула.

Преминете на месење со раце и замесете убаво измазнето тесто, со тврда конзистентност. Тестото се замесува многу брзо за неколку минути ќе го формирате.

Потоа со лажица со длабоко дно или отприлика вадете мали топчиња од смесата и обликувајте ги и редете ги на проѕирна фолија.

На овој начин искористете го цело тесто од кое излегуваат околу 15 топчиња. На пареа растопете го чоколадото и ставете го во подлабок сад.

Со помош на лажица, спуштајте едно по едно топче додека цело се натопи во чоколадото, а потоа вратете го на проѕирната фолија. Кога ќе ги прелиете со чоколадо сите колачиња, почекајте малку да се стврднат, а потоа по желба може да ги декорирате со уште малку потемно чоколадо во шприц.

Секако ова е опционално и не мора да го правите доколку немате време. Колачињата ставете ги во фрижидер да отстојат уште некое време, но брзо се стегаат. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.