Рецепт и видео прилог на Том Филос – Вкусна пита со спанаќ и урда.

Вкусна пита од спанаќ и урда за убав ден! Оваа пита е вистинско есенско јадење идеално како лесен ручек или вечера. Во оваа видеопрезентација можете да видите и три едноставни начини на правење лиснато тесто.

Потребни состојки: 600 г брашно, 10 г сув квасец, 1 лажичка сол, 1 лажичка шеќер, 320 мл вода. За фил: 1 кг спанаќ и 500 г урда. И уште: 250 г маргарин.

Постапка: Спанаќот измијте го и исчистете го, па прелијте го со зовриена вода за да омекне, а после 3 минути процедете го и ситно исечкајте го. Добро исцедете го на цедалка и истискајте го со рацете од вишокот течност. Во спанаќот додадете половина килограм урда и добро промешајте за да се изедначат.

Во брашното додадете го квасецот, по една лажичка сол и шеќер, па замесете со млака вода додека да добиете убаво мазно и еластично тесто. Покријте го со фолија и оставете го на собна температура да стасува околу половина час.

Стасаното тесто малку премесете го и поделете го на три дела. Формирајте топчиња. Маргаринот омекнат на собна температура поделете го на 4 дела. Плех (30 см) добро намастете го маргарин.

ПРВ НАЧИН за правење лиснато тесто: развлечете го едното тесто во тенка кора и преку целата површина намастете го со маргарин. Потоа исечете ја на зраци (не до крај), па секое парче превртувајте го во средината и поклопувајте го со следното, додека повторно да добиете кравајче (погледни видео). Наросете го со малку брашно и оставете го да одмора додека ги приготвувате другите теста.

ВТОР НАЧИН за правење лиснато тесто: Развлечете го кора со правоаголна форма и преку целата површина намастете ја со маргарин. Потоа, слично како и првото тесто, исечете зраци, па парчињата преклопувајте ги едно врз друго.

ТРЕТ НАЧИН за правење лиснато тесто: исто како и првото и второто тесто, развлечете го и третето тесто во кора со правоаголен облик и премачкајте ја со маргарин. Потоа едноставно свиткајте ја сплескан ролат (погледни видео).

Првото тесто развлечете го на набрашнета површина во кора малку поголема од тепсијата во која ќе се пече, па ставете ја и обложете ги ѕидовите на тепсијата. Распоредете половина од филот рамномерно. Развлечете го и второто тесто, па кората ставете ја одозгора и нанесете го остатокот од филот.

Одозгора завршете со третата кора. Питата премачкајте ја со путер и исечете ја, па ставете да се пече во загреана рерна на 220 степени околу половина час. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: