Фотографија и рецепт на Иванка Цизмиќ. Овој колач уште се нарекува Леден брег, многу стар рецепт и одамна го немав направено.

Пред некој ден се сетив на него и еве го, навистина е вкусен и брзо се приготвува, па ако ви се допаѓа, пробајте, нема да згрешите.

Потребни состојки: 1,5 кг јаболка, 600 мл вода, 350 г шеќер, 2 пудинг од ванила, цимет, 500 г бисквити и чоколадо и малку путер/маргарин за глазура или изматен шлаг – тоа по ваш вкус

Постапка: 

Излупете ги и изрендајте ги јаболката па ставете ги на оган да се варат 10 минути во 300 мл вода. Потоа додајте шеќер и пудинг помешан со остатокот од водата (300 мл).

Смесата варете ја уште неколку минути за да згусне, па додадете цимет. Во една тепсија наредете бисквити, па прелијте половина од смесата, па повторно наредете ред бисквити, остатокот од смесата и на крај наредете трет слој бисквити.

Одозгора по ваша желба прелијте чоколадна глазура или изматете шлаг и декорирајте.

Во јаболката јас додадов и околу 50 г путер, малку суво грозје и малку сечкани лешници преку глазурата. Колачот добро изладете го и послужете го. / Фотографија и рецепт на Иванка Цизмиќ.