Вкусен и лесен за приготвување: напиток кој за 3 дена ќе ве дигне на нозе кога сте настинати

Овој напиток помага при кашлица, настинка, грип, бронхтис, несоница.

Кога кашламе тоа е знак дека нашиот респираторен систем се бори против страни тела, па со овој напиток ние ќе ја олесниме неговата работа.

Освен тоа, напитокот содржи банани кои помагаат да се ослободи серотонин, па ако го пиете навечер многу полесно ќе заспиете.

Потребни состојки:

2 банани

2 лажици мед

400 мл вода

Постапка:

Ставете ја водата на оган да зоврие.

Бананите излупете ги и исечкајте ги на тркалца. Со помош на виљушка изгмечете ги во пире.

Додадете ја врелата вода, промешајте и оставете да излади.

Во изладените банани додадете мед и уште еднаш промешајте за да се растопи.

Консумирајте двапати дневно по една чаша.

Loading...