Многувкусни коцки кои се топат во уста.

Потребни состојки: 50 г путер, 50 мл масло, 200 г пченичен гриз, 400 мл вода, 300 г шеќер, 1 ванилин шеќер (10 г) и 10 г цимет (во оригиналот пишува 20 г, ама 10 г се доволни). За чоколадна глазура: 100 г чоколадо, 30 г путер и 50 мл млеко *за глазура може и 100 г чоколадо растопено со 3 лажици масло

Постапка: Во еден сад ставете вода, шеќер, ванилин шеќер и цимет. Загревајте на тивок оган да се готви, а кога ќе започне да врие оставете 5 минути па тргнете на страна. Во друг сад ставете путер и масло, на тивок оган загревајте ги за да се растопат.

Потоа додадете го гризот со постојано мешање со жица или лажица додека гризот да добие жолтеникава боја. Внимавајте да не ви загори. Кога ќе добие боја, додадете го шербетот од првиот сад, добро промешајте да се соедини и гответе заедно на тивко уште 2-3 минути, убаво да се поврзат.

Излејте во помал плех 20х25 см, а кога ќе излади одозгора ставете чоколадна глазура. *кај ваквите, непечени колачи, плехот може многу малку да се намасти, па колачот при вадењето и сервирањето полесно ќе се вади. За чоколадна глазура: на пареа растопете чоколадо искршено на коцки, путер и млеко (или во микробранова печка).

Колачот е најдобро да се остави преку ноќ да излади. Ова е колач кој со стоење станува уште подобар, бидејќи останува влажен и после неколку денови. Може да се направи и посен, ако наместо путер се употреби маргарин.