Питата многу лесно се приготвува, а многу е вкусна и омилена на трпезата. Во овој случај филувана е со сирење, но секој по желба може да ја филува со она што има.

Фото и рецепт на Сунчица Савиќ Стојановиќ – Виткана пита.

Потребни состојки:

850 г брашно
500 мл млако млеко
1 кесичка сув квасец
1 лажица шеќер
1 лажичка сол (полна)

За фил:

300 г тврдо сирење
2 јајца
150 г путер/маст

Постапка:

Квасецот и шеќерот измешајте г со топло млеко, па додадете брашно и сол и замесете тесто. Доколку користите сцеж квасец, тогаш во млекото додадете и малку брашно, па почекајте 10-тина минути додека квасецот да се активира и запени, па дури тогаш замесете го тестото.

Тестото треба да одмори 15-тина минути за полесно да се обработува. За тоа време пригответе го филот.

Омекнатиот путер измешајте го со издробеното сирење, па додадете ги јајцата. Филот поделете го на три дела. Пригответе сад за печење со димензии приближно 35х25 см, добро намастете го со путер.

Тестото поделете го на 4 топки. Набрашнете ја површината. Развлечете кора со величина на плехот, премачкајте со една третина од филот, па одозгора преклопете со втора кора.

Премачкјате со третина од филот, па преклопете со трета кора. Премачкјате со последната третина фил и поклопете со четвртата кора. Вкупно 4 кори, 3 фила.

Исечете осум ленти, а секоја лента фатете ја за двата краја и свиткајте ја во спирала. Вака приготвените спирали редете ги во плех. Премачкјате со малку путер, по желба и сусам и оставете да стасува 30-40 минути.

Ставете да се пече во добро загреана рерна на 200 степени првите 10 минути, а потоа намалете на 180 минути и вкупно печете околу 40 минути. Некаде на половина од печењето ставете хартија одозгора за да не изгори питата, но тоа најмногу зависи од самата рерна.

Фото и рецепт на Сунчица Савиќ Стојановиќ