Рецепт и видео презентација на Јелена Петровиќ од Бабината кујна – Витаминска чорба со спанаќ.

Ова е убава здрава чорбичка со спанаќ која може да се послужи пред главното јадење, но може да се послужи и како главно јадење бидејќи е богата со хранливи материи и заситна е.

Состојките по желба може да ги додавате или одземате, а со оризот се постигнува густина. Освен ориз, за густина нса чорбичката може да го испасирате сварениот компир, па на тој начин да ја постигнете посакуваната конзистентност. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки: 1 врзоп млад кромид или 1 главица стар кормид, 2 поголеми моркови, 1 голем корен пашканат или од магдонос, 2 помали компири, 200 – 300 г спанаќ, 4 лажици ориз, 2 чешниња лук, масло, сув зачин, црн пипер, магдонос

Постапка: спанаќот добро измијте го, исцедете го и ситно исечкајте го. Морковот ситно исчекајте го или изрендајте го, па на малку масло пропржете го (ренданиот морков, а вториот исечете го на тркалца и малку подоцна додадете го).

Младото кромитче исто така ситно исечкајте го на крукчиња, како и пашканатот, па додајте ги во динстаниот морков. Промешајте и оставете малку да се динста под капак.

Потоа додајте го спанаќот, ситно сечкано лукче, сечканите компири, па кога ќе омекне малку зеленчукот налејте вода, додајте ориз и зачини, па гответе додека зеленчукот да омекне. Пред крајот додајте ситно сечкан свеж магдонос. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.