Најубавата зачинска зимница која некогаш сум ја направила. Некои ја сметаат за салата, а некои за намаз кој може да се додава на буквално секое јадење. Потребни ви се неколку различни зеленчуци кои треба да се сомелат или исечкаат многу ситно.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г моркови, 300 г пиперки, 300 г кромид, 300 г пашканат, 300 г целер, 200 г сол (хималајска или јодирана), листови магдонос и неколку чешниња лук или 1 главица. Количината на состојките може да ја зголемите или намалите по избор. Ќе ви бидат потребни и неколлу стаклени и стерилизирани тегли.




ПОСТАПКА: Излупете го кромидот на ситни парчиња или ставете да се изблендира во сечко на најситно, па префрлете го во подлабок сад. Истото повторете го и со пиперките, кои треба да бидат ситно исечкани, а притоа отстранете им ги семките.




Заедно со пиперките, изблендирајте го и морковот, па додајте ги во кромидот. Истото повторете го и со целерот, кој треба претходно да се излупи. На крајот направете мешавина во блендер од китка магдонос и неколку чешниња лук (додајте по желба).




Целата смеса убаво и фино се соединува еднолично додека да почне да се формира како намаз. Во смесата додајте 200 г сол и фино измешајте да се распореди насекаде. Доколку користите хималајска сол, гледајте да биде поситна.




Смесата се прелива во чисти и стерилизирани тегли и се чува како зимница. Може веднаш да се јаде. Во продолжение прочитајте уште еден рецепт за пиперчиња во зимница, а деталите од првиот рецепт можете да ги погледнете ОВДЕ. Со оваа саламура можете да ги чувате малите или големи пиперчиња за зимница со долг рок:




Не знам за вас, ама според мене, ако може да помине една зима без нив, тогаш тоа не е зима. Прелесно се приготвуваат, како детска игра! ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 кг пиперчиња, 1 литар алкохолна киселина, 3 литри вода, 6 лажици шеќер, 7 лажици сол, 5 г конзерванс (не мора).




ПОСТАПКА: Во тенџере или голем лонец ставете да се проварат оцетот, водата, солта и шеќерот. Кога малку ќе излади додајте конзерванс доколку сакате, но не мора. На пиперчињата исечете им ги дршките. Измијте ги убаво и исцедете ги, па наполнете ги во чисти и стерилизирани тегли. Потоа прелијте ги со течноста и потиснете ги со пластичен решеткаст потисок. Затворете ги теглите.




КОМЕНТАР: За подготовка на 2% кисело-солен раствор кој може да се употреби за прелевање на зимница од лути пиперки, слатки кинети пиперки, туршија или шарена салата се користи: 9% алкоxолна киселина и јодирана кујнска солнсо следната математичка формула: 9% : 2% = 4,5 литри течност, 4,5 – 1 = 3,5 литри вода.

Значи, во еден литар оцет се става 3,4 литри вода за да се добие концентрација од 2% киселина.




Количината на сол приближно се одредува на следниот начин: 1 рамна кафена лажичка = 10 г, 1 рамна супена лажица = 15 г. За да се добие концентрација на сол од 1% , во 1 литар кисел раствор треба да се стави 1 кафена лажичка.

Напомена: кај шарената салата не се става сол зошто зеленчукот претходно е веќе посолен. При разредување на агpecивна концентрација (есенција 80%), треба да се имаат на ум следните две работи: киселината се влива во водата, а не обратно, есенцијата се разредува во следниот сооднос: 1 литар 80% киселина се разредува со 40 литри вода за да се добие 2% киселина.

Во чисти тегли се реди зеленчукот и се прелива со ладниот кисело-солен раствор со зачини по вкус. Не е потребно претходно варење на киселината, солта и зачините. Рокот на траење е околу една година. При пастеризација (10 минути варење на 70-100 степени), тогаш се намалува киселоста на 1%, а сол и зачини се става по вкус.