Потребни состојки:

1 мала тегличка рен

1 голема туба мајонез

1 милерам 400 г

2 чешниња лук

3 лажици сечкан магдонос

Сол по потреба

И уште: околу 8 варени јајца

Постапка:

Многу едноставно: сите состојки за сосот се мешаат во еден сад, па се нансесува во политок сад.

Варените јајца исечете ги на половина и наредете ги одозгора. Украсете со сечкан млад кромид, мелена црвена пиперка или по желба. Добро изладете во фрижидер, најдобро преку ноќ.

Овој сос секогаш го приготвуваме за Велигден со свежо сирење, младо кромитче и некое месо или варена шунка.