Работничката диета наводно била осмислена во 1985 година, кога една американска компанија одлучила да ги охрабри и да им помогне на своите работници да водат поздрав живот и да го изгубат вишокот килограми.

Како што дизајнирале креаторите, според планот на оваа диета треба да изгубите од околу 5 до 7 килограми неделно, а особено е нагласена важноста на хидратацијата.

Па, на сите работници им било нагласено дека задолжително треба да испијат од 6 до 8 чаши вода секој ден. Покрај тоа, секој ден може да се јаде супа во неограничени количини, но подготвена по рецептот на оваа компанија.

Прв ден

Можете да јадете апсолутно секое овошје освен бананите. Нема ограничувања за количината, јадете што повеќе овошје.

Втор ден

Заменете го овошјето со зеленчук, кој можете да го консумирате и варен и сиров, а нема ограничувања за тоа што можете и што не смеете да јадете од зеленчукот. На пример, вашиот појадок може да биде печен компир, а по желба можете да додадете малку путер.

Ова ќе му даде на телото јаглени хидрати што му се потребни за да обезбеди енергија за остатокот од денот. Зеленчукот ќе му обезбеди на телото доволно хранливи материи и влакна, а практично не содржи калории.

Трет ден

Освен бананите и компирите, третиот ден можете да јадете каква било мешавина од овошје и зеленчук, без ограничувања за видот и количината. Не ви требаат компири бидејќи јаглехидратите ќе ги добивате од овошјето. Во оваа фаза, телото е подготвено за согорување на вишокот килограми.

Четвртиот ден

Банани и млеко – На овој ден можете да изедете до 8 банани, можете да испиете 3 чаши млеко и секако можете да јадете супа колку што ви треба и колку сакате (како и другите денови од оваа диета). Бананите се важни затоа што ќе ги вратат натриумот и калиумот што телото ги изгубило во претходните три дена.

Петтиот ден

Ден за говедско месо и домати – можете да јадете 6 цели домати и две порции од 300 г говедско месо. Не мора да го јадете целото говедско месо, јадете колку сакате, додека доматите треба да ги изедете.

Овој ден зголемете го внесот на вода за дополнителни 2 чаши, за да му помогнете на телото да се исчисти од урична киселина која ќе се произведе при варењето на говедското месо. Месото ќе му обезбеди на вашето тело железо и протеини, а доматите ќе обезбедат влакна кои го помагаат варењето.

Шестиот ден

И шестиот ден се јаде говедско месо, но доматите се заменуваат со микс од зеленчук по сопствен избор. Зеленчук можете да јадете колку сакате, а говедско исто како и петтиот ден (2 порции по 300 г). На овој ден телото целосно се залага за слабеење, а ќе видите разлика во вашиот изглед во однос на времето пред почетокот на диетата.

Седмиот ден

Последниот ден јадете кафеав ориз, овошен сок и зеленчук, без никакви ограничувања. По овој седумдневен план на исхрана, треба да имате целосно исчистено тело и 5 до 7 килограми помалку од пред 7 дена.

ЧОРБА – РЕЦЕПТ:

Потребни состојки: вода, 2 зелени пиперки, 6 главици кромид (мали или 2 големи), домат, целер, главица зелка, коцка за пилешка супа, сол и бибер по вкус

Подготовка: сите состојки се ставаат во тенџере за готвење и се варат најмалку 45 минути или додека зеленчукот целосно да се свари. НАПОМЕНА: Пред отпочнување на диетата секој треба да се советува со својот лекар.