Home Останато Љубов ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЖЕНАТА КОГА ЌЕ ГО ИЗНЕВЕРИ МАЖОТ – ТЕЛОТО...

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ЖЕНАТА КОГА ЌЕ ГО ИЗНЕВЕРИ МАЖОТ – ТЕЛОТО СÈ ПАМТИ: Психолог одговорно тврди дека ОВА на сите им се случува

Ви го пренесуваме оригиналниот текст на психологот Олга Кеслер, која долговремено ги истражувала односите помеѓу партнерите, а особено се занимавала со темата за женската прељуба:

„Многу е распространето мислењето дека мажот практично „не го простува“ неверството на жената.

Работев многу и работам со жени кои ги изневеруваа своите сопрузи, а нивните сопрузи не сакаат да ги пуштат – тие, спротивно на општоприфатеното мислење, се многу подготвени да ја простат прељубата.

А овие жени после тоа се обидуваат да му се вратат на семејството со тело и душа, но тешко им е… Телото не се дава, сака да си оди, а тие трпат…

Морам веднаш да кажам дека има жени кои по неверството се вратиле во семејството, а сега живеат со сопрузите кои секојдневно ги казнуваат, па во тој брак ја отслужат својата „доживотна“ казна.

<

Но, денес не зборувам за нив, туку за оние жени кои по прељубата решиле да им дадат втора шанса на семејството и сопругот…

Што се случува со таа жена: моментот кога го изневерила сопругот и тој дознал дека таа сака да замине, дека размислува за нов живот со нов маж – нејзиниот сегашен сопруг почнува да се менува….

Така таа се вџашува и го гледа некогашниот нервозен и лут маж кој сега е благ и нежен како ползи пред неа, и купува цвеќиња, и отвора врата, ја носи на вечера, бара интимноcт секоја вечер, ја бакнува и ја гушка пред сите, а сето тоа за да и докаже дека не смее да си оди, бидејќи ќе изгуби нешто вредно.

И таа жена почнува да размислува сепак да остане со него, бидејќи со него има деца, години брак, куќа… Потоа си помислува: „Можеби, сепак, поради децата…“

А кога ќе раскрсти со својот љубовник, кога ќе реши да ги врати телото и душата во куќата и семејството, се случува следново:

Денот и поминува како и обично, но ноќите… Ноќите се агонија. Нејзиното тело не реагира на нејзиниот сопруг, тој сега и се гади, неговите бакнежи и пречат, таа се згрозува од неговиот допир…

И таа се обидува втората вечер да испие чаша – две вина, да се опушти, но телото не пати… Телото не може да се потчини, се противи… Ако случајно ѝ го каже ова на другарката, таа ќе и каже дека е будала, дека со текот на времето сè ќе се врати во нормала, да издржи…

Но, само психолог ќе ја разбере оваа жена, бидејќи психологот може да и каже дека таа е сосема нормална жена и дека нејзиното тело бара среќа, дека е достојна за љубов, дека причината поради која заминала е сè уште тука и дека телото се сеќава на тие причини.

Тоа што сака да се излаже, телото не го прифаќа… Ова е ситуација која може да се реши на два начина: -да го остави сопругот и да живее свој живот или да отидете на долга терапија и да се надминете себеси со текот на времето“.