Професорката објасни кои пластични садови се опасни, кои садови треба да ги фрлиме доколку се изгребат, но и некои грешки во готвењето поради кои внесуваме опасни материи од садовите…

Професорката на Технолошко-металуршкиот факултет д-р Љубинка Рајаковиќ ја откри најголемата заблуда, а воедно и опасноста од чување на храната во пластични садови, особено оние од сладолед, кои садови мора веднаш да се фрлат доколку се изгребани, но и во што е најдобро да се готви и во што да се чува храната во фрижидер.

Огноотпорното стакло е најздравиот прибор за јадење, бидејќи стаклото не испушта никакви штетни материи, она што е незгодно е што не трпи температурни шокови, односно големи промени на температурата. Загревањето треба да биде постепено.

Следува керамика од природна глина, односно земјени садови во кои готвеле и нашите предци. И овие садови осто така, се чувствителни на температурни шокови и мора, на пример, да се стави на умерена температура. Она што не им се допаѓа на модерните домаќинки кај овие садови е што не можат да се перат во машина, открива д-р Рајаковиќ.

Емајл садовите се стаклена маса која е загреана и е многу погодна за готвење, здрава е, цврста, може да се пере во машина, но не смее да се става во микробранова печка. Може да се препорача за секоја храна. Доколку има некакво оштетување поради кое дошло до отстранување на заштитниот слој и се појавиле црни дамки, мора веднаш да го фрлите.

Колку и да ви се драги и колку и да не сакате да ги фрлате работите, во овој случај мора да го направите тоа. Емајлот е заштитна обвивка и колку повеќе слоеви има, толку е подобар квалитетот на садовите. Ако ги отстраните тие слоеви, добивате метал, железо, а тоа не ви е потребно во вашето тело на овој начин, додава таа.

Следната група се садовите од нерѓосувачки челик, елегантни се и брзо спроведуваат топлина, имаат дебело дно, што значи дека нема да погорува храната. Кога користите такви садови, сакаме да ја спречиме или намалиме емисијата на тешки материјали – олово, хром, никел, бакар, кадмиум итн. Има по малку од сите наведени материјали во садовите за готвење од нерѓосувачки челик.

Она што е важно е да го ставите садот на ладен шпорет и постепено да ја зголемувате температурата. Заборавете на шестката, иако сите брзаме, но правиме повеќе штета отколку корист. Не ги мијте со абразивни средства, само загрејте ги малку на шпорет со детергент и толку. Има една поговорка која вели – готви во нерѓосувачки челик, чувај во емајл.

Не оставајте ја храната во нерѓосувачки челик, бидејќи пренесува тешки метали, предупредува таа. Тефлонските садови се направени од алуминиум, поради што се толку лесни. Што се однесува до тешките метали во не’рѓосувачки челик, овде зборуваме за амини, феноли, фталати.

Да речеме дека кога се тестираат тефлонските садови, овие соединенија не треба да бидат присутни, а ако се, тогаш мора да бидат присутни во траги. Тие се многу штетни, а ограничувањата се уште поголеми.

Ако ставите празен сад на силен оган, може да го оштети. Исто така, не се препорачува да се мие во машина. Ако имате некаква гребаница направена со вилушка, нож или какво било оштетување, честички од тефлонот можат да влезат во храната.

Производителот тврди дека оваа маса е толку отпорна што нема ни да реагира во телото, но подобро е да не се ризикува. Сите овие премази се неразградливи. Важно е да ја нема ознаката PFOA, тогаш тоа е добра облога, односно на садот треба да пишува PFOA free, бидејќи тоа соединение е канцерогено.

Силиконски калапи – стабилно е до 220 степени, флексибилно е и е многу популарно. Сепак, упатствата мора строго да се следат, никогаш не печете на повисоки температури од препорачаните.

Што се однесува до чашите и чиниите, керамиката е природен материјал и е здрав. И порцеланот се пече на висока температура и е толку здрав. Доколку дојде до некаква штета, тоа не е штетно.

Пластика

Што се однесува до пластиката, задолжително погледнете ја ознаката. Секоја од нив има одреден број – 2, 4 и 5 се добри. Бисфенол А е многу непријатна супстанција, овие соединенија се замена за хормони, синтетички естроген.

Ако го внесете, тие создаваат дар-мар во телото и влијаат на дебелината, стерилитетот и на нервниот систем. Сите ние правиме грешки кога станува збор за шишиња со вода, производителот се заштитил на почеток, вели дека е за еднократна употреба и почитувајте го тоа.

Пластичните садови за сладолед, најчесто ги миеме и потоа ставаме храна во нив, но тоа не е препорачливо – тоа се пластични садови за еднократна употреба. Безбедно е само да се користи пластика со ознака BPA FREE, но тие се малку поскапи.

Она што често ни се случува – Доколку пластичен сад се оштети со нож или виљушка, фрлете го во истата секунда! Во никој случај не го чувајте тој пластичен сад, зашто честичките можат да влезат во телото. Друга битна работа, пластиката е растворлива во алкохол и воопшто не препорачувам алкохол во пластика, само стакло. Целата емисија со професорката погледнете ја ОВДЕ.