Хемороидите претставуваат проширени вени на ректумот, сместени во најнискиот дел на правото црево и анусот.

Понекогаш доаѓа до нивно отечување, па при празнењето на цревата ѕидовите на вените стануваат претерано напрегнати, тенки и надразнети.

Кога овие отечени вени ќе почнат да крвават, да чешаат или да болат, ги нарекуваме хемороиди. Нив ги делиме на внатрешни и надворешни хемороиди.

СИМПТОМИ:

-обилно црвено анално крварење, што се гледа на изметот или на тоалетната хартија

-чувствителност или болка при празнењето на цревата

-болен оток или јазол во близина на анусот

-слузест анален секрет

Внатрешните хемороиди се сместени длабоко во внатрешноста на дебелото црево и не можете да ги видите или да ги почувствувате. Тие не се болни а единствен знак за нивно постоење се крвавењето при празнење на цревата.

Понекогаш доаѓа до пролапс, односно до нивно спуштање до аналниот отвор, па тогаш се многу болни и можете да ги напипате. По правило, таквите хемороиди со време самите ќе се повлечат, во спротивно, можете и сами да ги вратите на нивното место.

Надворешните хемороиди се наоѓаат во анусот и главно се болни. Ако надворешниот хемороид се спушти при празнењето на цревата, можете да ги видите и напипате. Ова болно нарушување што се нарекува тромбоза, може да ја менува својата боја во виолетова или сина.

Овие хемороиди не се опасни и најчесто се повлекуваат за една недела. Ако болката е неподнослива, лекарот може да ви го отстрани грутчето со едноставен зафат во ординацијата.

ПРИЧИНИТЕЛИ:

Речиси половина од луѓето, порано или подоцна, во текот на животот имаат тегоби со хемороиди, а најчесто на возраст меѓу 20 и 50 години. Причини:

-силен стомачен притисок, напнување

-дебелина

-бременост

-долготрајно стоење или седење

-болести на црниот дроб

-запек или пролив

-кашлица

-кивавица

-повраќање

-задржување на здивот при телесен напор.

Исхрана и лекување:

ИСХРАНА

Исхраната има решатавачко влијание врз појавата и превенцијата на хемороидите. Луѓето кои редовно јадат храна богата со растителни влакна многу ретко заболуваат од хемороиди, спротивно од оние чија исхрана содржи високопреработени продукти.

Исхраната сиромашна со растителни влакна или недоволно пиење течности предизвикуваат запек кој ја забрзува појавата на хемороиди.

ЛЕКУВАЊЕ

-Седете во топла вода длабока 7 до 8 см и останете во неа 15 мин. Повторете ја постапката неколку пати на ден, особено по празнењето на цревата.

-Варете две лажички свежа или сушена билка Жолтурче (Ranunculus ficaria) во 200 г вазелин 10 минути. Маста се употребува ладна. Се чува во затворен сад.

-за намалување на чешањето користете 0,5-процентен хидрокортизонски крем, само на надворешноста од анусот.

-одржувајте ја чистотата околу аналниот отвор

-не седете на клозетската шоља подолго од 5 минути

-нанесете малку вазелин на анусот пред празнење на цревата.