Важна е и лушпата: Сокот од компир инстантно ги решава стомачните проблеми

Лековитите својства на свежиот компир одамна се познати во народната медицина, но и покрај тоа сеуште постои мислење дека компирот не се консумира суров. Но тоа е заблуда, бидејќи во сурова форма компирот многу здрава и повеќенаменска намирница.

Сокот од комири е одлично природно средство за лекување на гастритис, една од најраширените болести на денешницата. Треба да се зема по една лажица сок од комир разреден во малку вода, половина час пред оброкот.

Во терапијата против чир на желудник и дванаестпалачното црево се советува секојдневно консумирање по 50мл сок од компир на празен стомак и 50мл сок половина час пред ручек и вечера.

Сокот од компири има поволно влијае при намалувањето на нивото на шеќер во крвта, како и при лекување на болести на белите дробови и органите за дишење, дури и при тешки заболувања како што е емфизем. Компирот се повеќе добива на важност како многу важно средство во борбата против болести на црниот дроб и бубрезите, но и при срцеви заболувања, висок крвен притисок, лумбаго, реума…

ПОДГОТОВКА:

Прво добро измијте го компирот и од него отстранете ги сите зелени, изртени делови доколку ги има (не го лупете). Потоа изрендајте го, ставете го во ленена крпа и исцедете сок (може да го исцедите и во соковник). Сокот секогаш консумирајте го свежо направен, а доколку сакате да го подобрите вкусот, може да го измешате со овошје или зеленчук по желба.

Ако се чувствувате слабо или исцрпено, испијте наутро и навечер сок направен од еден среден компир, еден морков и јаболко – во рок од две недели и ќе бидете во одлична форма

Лушпата од компирот е извор на многу нутриенти. Ако консумирате компир со лушпа, особено свеж, во организмот ќе внесете низа вредни состојки како што се јаглехидрати, белковини, витамини Ц и Б6, калиум, железо, магнезиум и цинк.

Важно е да знаете дека витаминот Ц се губи со готвењето, што е голема штета, бидејќи во свежиот компир со средна големина (од прилика 150г) има дури 27мг витамин Ц, што претставува 45% од препорачаната дневна доза.

Loading...