Варени пиперки во тегла со една необична состојка: „Веќе 50 години вака подготвуваме зимница од пиперки – прво баба ми, а сега и јас“. Ако не сте ги пробале пиперките приготвени на овој начин, не двоумете се и направете ги според овој рецепт.
Тајната состојка која ги прави неодоливо вкусни е медот! Вака нашите баби порано ја правеа зимницата, без хемија и конзерванси. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 кг пиперки, 3.5 литри вода, 3 супени лажици сол, 3 супени лажици шеќер, црн пипер во зрно, 1 лита оцет 9%, 200 г мед
ПОСТАПКА: Измиените пиперки исчистете ги од дршките и семето, па пригответе ја маринадата. На оган ставете тенџере со 3.5 литри вода, па додајте сол, шеќер, црн пипер во зрно, оцет и мед.
Промешајте и оставете да зоврие. За тоа време пригответе ги теглите и оставете ги во рерна на 100 степени да се стерилизираат 30-тина минути. Штом зоврие маринадата спуштајте ги пиперките во неа и оставете ги да се обарат 3-5 минути.
Штом пиперките омекнат, вадете ги со маша-штипалка и директно полете ги теглите. Времетраењето зависи од самата пиперка, односно колку е таа дебела. Штом ставите нова тура пиперки во маринадата, почекајте таа повторно да зоврие, па мерете го времето: 3-5 минути.
Секоја пиперка потопувајте ја убаво за да ја впие маринадата од сите страни однадвор и одвнатре. Теглите полнете ги со омекнатите пиперки, а потоа наполнете ги со топлата маринада до врв.
Малку протресете ги за да се ослободи воздухот, па цврсто затворајте ги со чисти, нови капаци. Покријте ги со ќебе и оставете ги постепено да се оладат преку цела ноќ.
Потоа чувајте ги на суво, темно и ладно место до зима. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Пиперки во мед: нешто превкусно, оние кои еднаш пробале, побарале уште!“ – ОВДЕ.
Пиперки во мед: нешто превкусно, оние кои еднаш пробале, побарале уште!