ВАРЕНА БАКЛАВА…ПОСЕН ДЕСЕРТ со ореви, без млеко и јајца…Наједноставниот рецепт…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 мл вода
250 мл масло
480 г брашно
250 г мелени ореви
1/2 кесичка прашок за печиво
се пече 30 минути на 180 степени

За сируп:
300 г шеќер
300 мл вода
2 кесички ванилин шеќер
2 парќиња лимон
се вари 2-3 минути
Ладниот колач се залева со врел сируп

ПОСТАПКА:

1.Во тенџере сипете вода и масло и доведете до вриење. Тргнете го тенџерето од рингла и веднаш сипете го брашното. Мешајте додека да добиете компактно тесто. Оставете да се олади.

2.Додајте ги оревите и прашокот за печиво, па соединете, најдобро со рака. Смесата распоредете ја во намастен огноотпорен сад 20х30 см и измазнете ја површината.

АЛВА СО ГРИЗ: Само 4 состојки, шербетот не се вари, сочен колач кој секој може да си го направи

3.Пред печење исечете го колачот на баклави и направете линии-шари со виљушка. Ставете да се пече половина час во претходно загреана рерна на 180 степени. Оставете да се олади.

4.Сварете го сирупот од вода, шеќер и ванила. Кога ќе зоврие додајте 2 тркалца лимон и варете уште 2-3 минути. Рамномерно полијте го колачот и оставете целосно да се олади пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.