ВАЛЕНТИНА: Ова е најдобрата домашна маска за коса која сум ја пробала, уште со првото нанесување делуваше како чудо

Ова е најдобрата маска за коса, навистина делува како м агија и на најлошиот квалитет на коса. Ова се моите искуства во врска со оваа маска:

Уште после првото нанесување, косата доби посебен, неверојкатен сјај, особено кога ќе застанам на сонце. Густината и волуменот на косата (на мојата тенка, масна и слаба коса) – неверојатно, без дополнителни средтсва за обликување на косата.

Разликата е многу забележителна и воочлива. Косата како да доби поголем волумен, стана споцврста, не ми се разлетува на сите страни. Ми се допаѓа тоа што после нанесувањето на маската, истата не тече низ вратот, под кесата.

Јас ја испробав и на чиста и на немиена коса. Оваа маска навистина заслужува внимание. Ова е рецептот за сите кои имаат проблем со сува и кршлива коса која слабо расте, а сакаат да направат нешто за да го подобрат квалитетот – Валентина Бунда.

РЕЦЕПТ ЗА НАЈДОБРАТА МАСКА ЗА КОСА

Во една супена лажица топло млеко растворете една чајна лажичка мед или шеќер, додајте 20 г свеж квасец (ако користите сув, имајте во предвид дека една кесичка од 7 грама заменува 40 г -коцка свеж квасец).

Оставете на топло место за да ферментира квасецот, а за тоа му се потребни приближно 15-20 минути. Добиената смеса нанесете ја на чиста, влажна коса од коренот кон врвовите. Може да се користи и на неизмиена коса.

Откако ќе ја нанесете целата маска на косата, главата завиткајте ја во кеса и топол пешкир. Ваквите маски потребно е да се затоплуваат за да се отворат порите и да се создадат оптимални услови за раст на колониите на квасните габи.

Со нивното растење и зголемување, истовремено се зголемува и концентрацијата на протеините, витамините и минералите кои продираат во фоликулите на влакната. Ако првиот пат забележите дека ви капнува надвор од кесата, обидете се следниот пат да ставите помалку млеко.

вака подготвената и нанесената маска оставете ја да делува најмалку еден час, а уште подобро доколку имате време 2-3 часа, што подолго, тоа подобро. Потоа исперете ја косата со шампон, доколку маската сте ја нанеле на сува и неизмиена коса.

Доколку маската сте ја нанеле на чиста и влажна коса, тогаш измијте ја косата и ставете малку балсам/регенератор. Мирисот кој ќе го почувствувате во текот на делувањето на маската – исчезнува откако ќе се испере косата.

СОВЕТ: Некои оваа маска ја прават и без млеко: на парче квасец ставаат лажичка мед и ништо повеќе. Кога квасецот ќе се активира, а тоа се случува брзо, додајте лажици рицинусово или маслиново масло (па дури можете и без масло).

Исто се остава да делува најмалку еден час, а најдобро два-три часа, односно колку подолго, толку подобро за косата. После овој третман косата е поздрава и прекрасна: погуста, обновена, сјајна и со голем волумен!

Loading...
Претходна статијаАко вака ги за залевате собните цвеќиња, ќе ги изгубите: ЗЛАТЕН СОВЕТ како да цветаат и да бидат бујни
Следна статијаБРЗ ОСВЕЖИТЕЛЕН КОЛАЧ: Со пудинг, кекси и овошје по ваш избор