Ако барате рецепт за брза, евтина и лесна закус. Еве што ви е потребно:ка, тогаш запишете си го овој рецепт. Овие топчиња од компир се многу вкусни, иако се приготвуваат само од две состојки: компир и скроб
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г компир, 100 г скроб/нишесте/густин, сув магдонос, црвен пипер, сол и зачини по вкус
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г компир, 250 мл вода, 80 г путер/маргарин, 120 г брашно, 2 јајца. Ќе ви биде потребно уште малку сол и рендано мускантно оревче или зачин по вкус и масло за пржење.
ПОСТАПКА за рецепт 1: Компирот измијте го, излупете го и исечете го на приближно еднакви парчиња, а потоа сварете го во малку посолена вода, 30 минути. Испасирајте го за да добиете пире, а потоа додајте скроб.
Проемшајте со лажица или виљушка сè додека да добиете изедначена смеса како тесто. Веднаш од смесата црпете со лажица и со помош на намастени дланки обликувајте топчиња. Во широка тава сипете масло со длабочина од 1.5-2 см и ставете на оган да се загрева на умерена температура.
Спуштајте ги топчињата и со помош на маша-фаталка или решеткава лажица почесто промешувајте ги за да го сочуваат топчестиот облик, но и за да можат рамномерно да се испржат. Треба убаво да заруменат од сите страни.
Вадете ги со решеткава лажица и ставете ги врз чинија обложена со хартиена салветка. Наросете ги со зачини по ваш вкус и послужете ги топли или ладни, секако се вкусни. Можете да ги набоцкате на дрвени стапчиња. Постапката за рецепт 2 прочитајте ја ОВДЕ.