Сите ја сакаат чорбата од компир и месо, а приготвена според овој рецепт таа е највкусна. Секој си има свој рецепт за познатата „компир манџа“, но сепак постои еден стар рецепт во кој состојките се во идеален сооднос, па затоа чорбата е врвна. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг месо по избор, 2 главици кромид, 4 моркови со средна големина, целер (3-4 стапчиња или 1 корен со лист), 1-2 пиперки, 2 поголеми или средни компири, 3-4 чешниња лук, ловоров лист, 100 г јогурт или кисела павлака, 2 жолчки




ПОСТАПКА: Исчистете една главица кромид и исечете ја крупно на четвртина. Исто така, исчистете и еден морков, па и него исечете го на крупни парчиња. Додајте крупно исечен целер, па сето заедно ставете во длабоко тенџере.




Месото (по ваш избор) исечете го на коцки, додајте го во тенџерето со зеленчукот и залијте со еден ипол литар вода. Од зачини додајте еден ловоров лист и една лажичка црн пипер во зрно, па поклопете и гответе 40 минути на средно јака температура (на 5).




Потоа изрендајте три моркови и запржете ги на малку масло. Посолете, промешајте и динстајте ги на малку посилен оган, 2 минути (на 6). Втората главица кромид ситно исечкјате ја на коцкички, па додајте ја во морковот и промешајте. По потреба намалете го огнот.




На ситни коцкички исечкајте една ипол или две пиперки во завинсност од големина, а најдобар вкус даваат црвените (но може да ставите и зелена или жолта пиперка). Сечканата пиперка додајте ја во морковот и кромидот, па промешајте. Додајте и ситно сечкан лук.




Сето заедно динстајте го уште 5 минути на средна температура (на 6). Кога зеленчукот убаво ќе омекне, во него додајте ја течноста во која се вареше месото, процедена низ сито. Потоа со кујнска маша црпнете ги парчињата месо, па и нив префрлете ги во другото тенџере.




Излупете и измијте два големи компири, па исечете ги на коцки со големина на залак. Додајте ги во чорбата, па зачинете со сол, црн пипер во прав и мајчина душичка по вкус. Промешајте, поклопете, намалете ја температура (на 5) и гответе уште 15-тина минути (или додека компирот да омекне).




За тоа време одвојте две жолчки и измешајте ги со 100 г цврст јогурт или кисела павлака. Црпнете една-две кутлачи од течноста, па сипете и промешајте за да се загреат жолчките со павлаката, а потоа сета течноста вратете ја назад во тенџерето и промешајте. Гответе уште 3 минути (на 5). Кога чорбата е готова додајте ситно сечкан свеж магдонос и послужете. Деталите погледнете ги ОВДЕ.