Ова е наједноставниот, а најубавиот рецепт за похувани тиквички. Авторката на рецептот смета дека вака приготвените тиквички се дури и повкусни од месо, па честопати ги приготвувала и како главно јадење со некоја вкусна салата како прилог. Никој не може да им одолее на вкусните тиквички во летниот период.




Постојат безброј комбинации кои можете да ги приготвите, но похуваните се највкусните. Постапката за приготвување е многу едноставна, а јадењето ќе го збогатите ако во смесата од јајца додадете и кашкавал. И брашно не ви е потребно многу, доволна е само една лажица. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 млади тиквички со средна големина, 100 г кашкавал по ваш избор, 3 јајца, 1 лажичка ситно сечкан копар/мирудија, 1/2 лажичка алева пиперка во прав, 1/3 лажичка црн пипер во прав, 1/2 лажичка сув босилек, сол по вкус, 100 г презла (ситно мелени лебни трошки), 1 лажица брашно и околу 100 мл масло за пржење




ПОСТАПКА: Тиквичките измијте ги со ладна вода, отсечете им ги краевите, а пото внимателно исечете ги на тенки лентички со дебелина од приближно 3 милиметри. Посолете ги од двете страни и оставете ги да отстојат 15 минути.




За тоа време тие ќе се оросат од сопствениот сок и ќе омекнат. За тоа време пригответе ги состојките за похување. Кашкавалот изрендајте го на ситната страна од рендето (за да може фино да се налепува на тиквичките).




Во јајцата додајте ги сите зачини, а може да додадете и нешто по сопствен вкус, посолете и запиперете па добро изматете за да се изедначат. Потоа додајте го ситно изренданиот кашкавал и повторно промешајте за да се распореди.




Во друга посебна чинија истурете ги лебните трошки-презлата која исто така, треба да биде ситно мелена, па додајте една полна супена лажица бело брашно. Промешајте додека мешавината да се изедначи.




ПОХУВАЊЕ: Секоја лента од тиквички најпрво добро навалајте ја во мешавината од презла и брашно, а потоа и во смесата од јајца и кашкавал.

Пржете во умерено загреано масло додека да зарумени од двете страни. Вадете ги врз хартиена салветка. Деталите погледнете ги ОВДЕ.