ВАКА СЕ ПОДГОТВУВА ДОМАТОТ ЗА ЗИМНИЦА: Има рок до 2 години, а може да се става во секое јадење

Ова е одличен, проверен рецепт кој го користеле нашите баби за подготвување на доматите за зимница. Има долг рок на траење, многу е вкусен и може да го додавате во сите јадења во кои се става домат. Запишете си го овој рецепт на Полимка, еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 кг домати, 2 супени лажици сол, 2 супени лажици шеќер, 1 китка свеж лист од магдонос, 1 китка свеж лист од целер, стаклени тегли претходно добро измиени и стерилизирани, метални капаци. По желба кој сака може да стави и лута пиперка во секоја тегла.




ПОСТАПКА: Доматите добро измијте ги под млаз вода и излупете ги. За полесно лупење најдобро е да го користите методот жешка-ладна вода. Имено, секој домат засечете го малку како „х“, па ставете го во жешка вода неколку секунди, а потоа веднаш префрлете го во многу студена вода. На тој начин брзо и лесно се одвојува лушпата од доматот.




Излупените домати исечете на парчиња, додајте сол, шеќер и ситно исечкан магдонос и целер (претходно измиени со ладна вода и исцедени – оставете ги половина час да се исушат на кујнска крпа).




Состојките добро измешајте ги, најдобро со решеткаста лажица. Потоа започнете да ги полните теглите, но потребно е добро да се притискаат со пластична лажица за да не останува празен простор.




Кога добро ќе се наредат, теглите затворајте ги со претходно стерилизирани метални капаци во рерна или едноставно пребришани со медицински алкоxoл. Затворените тегли е потребно да се пастеризираат половина час на еден од двата начина:




ПРВ НАЧИН: Наредете ги во големо и широко тенџере обложено на дното со кујнска крпа. Теглите не треба да се допираат една до друга. Налијте вода во тенџерето да биде на ниво – два прста под капаците.




Ставете на оган и загревајте на умерена температура. Откако ќе зоврие водата оставете да струи половина час, па исклучете го огнот и оставете ги теглите да се оладат внатре во водата.




ВТОР НАЧИН: Наредете ги теглите во некој подлабок плех без вода, исто така да не се допираат една до друга, па ставете ги во тегла која е вклучена на 100 степени. Вака оставете ги да отстојат два часа, па исклучете ја рерната и оставете ги внатре додека да се оладат. Вака подготвени доматите имаат рок 2 години. / Сооlinarika.соm

Претходна статијаМНОГУ ЛЕСЕН РЕЦЕПТ ЗА КОЛАЧ СО МАЛИНИ: Сите состојки ставете ги во блендер и изматете
Следна статијаПРОЧИСТУВАЧКИ МЕВЛЕМ ЗА БЕЛИ ДРОБОВИ: Испив една тегличка и се спасив, веднаш ми беше подобро