Од изгледот на оваа билка ретко кој останува рамнодушен, а освен што изгледа убаво, овој цвет носи среќа, според старото верување. Украсната или виолетовата детелина многумина ја нарекуваат најубавиот пролетен цвет. Ако си мислевте дека бара посебен третман и нега, сте се излажале. Ова цвеќе им успева и на почетници.
За ова цвеќе се смета дека навечер спие заедно со вас и шири позитивна енергија, па дури и дека привлекува пари. Без разлика дали ова верување е точно или не, со среќа ќе ве исполни самата глетка на неговата убавина.
Виолетовата украсна детелина потекнува од фамилијата Оксалис (Oxalis triangularis) а со своите убави и нежни листови и цветови освојува и краси сè повеќе домови. Меѓутоа, не е само одличен избор за рамките од прозорите и куќите, туку и за балкони и градини.
Потекнува од Бразил, а нејзините темновиолетови светови се затвораат во текот на ноќта.
Како се негува?
Бара светлина и влажно земјиште. Доколку ја чувате во надворешни услови, обезбедете и светлина, но имајте на ум дека најмногу и одговара температура околу 15 степени.
Може да толерира и повисоки температури, меѓутоа мора да се води сметка, бидејќи доколку премине над 27 степени, листовите ќе свенат и билката нема веќе да биде свежа и убава. Полевањето треба да биде ретко, што значи мала количина на вода, одвреме-навреме.
Размножување
Размножувањето кај детелината зависи од видот. Украсната детелина која расте од луковица, се размножува со нивна делба и тоа уште во месец септември. Како и останатите луковици и оваа детелина има периоди на мирување, а на крајот од таквиот период можете да ги извадите луковиците од земја, да ги одвоите страничните чешниња и да ги засадите во одговарачка земја, па ќе добиете нови билки.
После четири седмици се развива коренот доколку сме ја испочитувале температурата од 18 степени. Оние билки кои пуштиле корен може да се пресадуваат во саксија со величина од 10 см, во земја без додатоци од разни ѓубрива и киселости.
По пресадувањето потребно е да се намали температурата на 12 до 14 степени. Потребно е и дополнително да се осветли во периодот од ноември до јануари. Со отпочнување на есента мора полека да ги приготвуваме нашите билки за период на мирување. Тоа е најдобро да се направи со намалување на залевањето и намалување на температурата на 4 до 6 степени.
Оние видови на украсна детелина кои немаат луковица како што е видот Oxalis vulcanicola, може да се размножуваат со резанки. Резанките и ожилуваме во втората половина од јануари, две до три резанки заедно. Растењето на коренот би требало да трае еден месец на температура од 18 степени.
Потоа се пресадуваат во саксија со величина од 11 см. После една недела треба да им се поткастри врвот зошто за да дојде до засилување на кореновиот систем. Во февруари треба да им се намали температурата на 10 степени и да се започне со прихранување, со течно ѓубриво. Овој вид потребно е да презимува на малку потопло место, барем до 10 степени.
Билката е отпорна на болести, а од штеточини може да заболи од растителни вошки. Оксалис може да чува како поединечна собна билка, но може да се сади и во поголеми корпи или жардиниери заедно со некои други цвеќиња како што се бегониите на пример.
Бидејќи станува збор за детелина, па се смета дека оваа билка носи СРЕЌА особено затоа што има четири ливчиња. Затоа, со оваа преубава украсна детелина не можете да погрешите.
и