Од неодамна е познато дека кучињата можат да го намирисаат ракот на бели дробови преку здивот на својот сопственик.

Освен што може да се дресираат да пронаоѓаат исчезнати луѓе и скриени нар-котици, ек-спло-зиви и други предмети, благодарение на своето силно сетило за мирис кучињата можат да откријат и болест кај својот сопственик. Притоа, говориме за просечен домашен миленик, а не за посебно истренирани животни.

Кучешкото сетило за мирис може да детектира единици во трилион молекули, значи нешто што може да се спореди со капка вода во олимписки базен, тоа е величината на молекулот која може да ја открие едно куче.

Имаат 40 пати повеќе рецептори од човекот, нешто несфатливо за нашето поимање – објаснува д-р вет.Марио Бабиќ. Тој истакнува дека со таа способност кучињата можат да ја намирисаат баш секоја промена на нашето тело.

“Сè што го менува нашиот мирис, па дури и на молекуларно ниво, нашето куче може да го намириса. Проблемот е што ние сè уште немаме научено кои се тие состојби или болести кои нè менуваат во толкава мера, што кучињата можат да ги препознаат, за да можеме и ние да ја препознаеме нивната реакција и на тој начин да си го спасиме животот.

Сепак треба да се има во предвид дека кучето не е машина, како и тоа дека “кучешкото предвидување” иако е со висока веројатност, сепак не е 100% решение. За поедини болести и состојби таа веројатност е многу висока и се движи до дури 80%, но и натаму постои можност тоа да е само веројатност, а не факт – вели д-р Бабиќ.

Тој истакнува дека британските научници во дијагностиката на ракот на дојка се помагаат со помош на роботи (кои сè уште се во фаза на развој и истражување) кои ги анализираат молекулите на мирисот, нешто слично на кучињата, и предвидуваат степен на малигност на карциномот, но сепак, ова е на ниво на развој и далеку е од реализација.

Ова се 9 неочекувани состојби кои кучето може да ги открие кај својот сопственик:

ПАРКИНСОНОВА БОЛЕСТ И МИГРЕНА

Оваа идеја ја поттикнала жена од Шкотска која инаку имала суперсетило за мирис, а дури шест години пред појавата на Паркинсонова болест забележала дека нејзиниот сопруг има поинаков мирис.

После ова се започнало со истражувања во Манчестер и со тренирање на кучиња кои би биле во состојба да ја надушкаат најавата на оваа болест. Дополнително било откриено дека кучињата можат да намирисаат кога кај човекот ќе започнат мигрените – појаснува д-р Бабиќ.

ПРОМЕНА ВО НИВОАТА НА ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА

Научните студии потврдиле дека кучињата можат да намирисаат пад на нивото на глукозата во крвта. Според мирисот на нашата пот тие точно можат да одредат во каква состојба сме ние, што е особено значајно за дијабетичарите.

Посебно тренираните кучиња може да им помогнат на овие луѓе да го откријат проблемот и пред да стигнат овие опасни симптоми, па можат навремено да го земат лекот и да побараат помош. Во такви ситуации кучето ќе покаже знаци на стрес и ќе се обиде да го привлече вниманието на кучето.

КАРЦИНОМ

Поради карцином клетките функционираат поинаку отколку кај здраво лице, односно забрзано се множат за да може туморот да расте. Оштетените клетки произведуваат специфичен протеин кој кучињата можат да го намирисаат. Докажано е дека кучињата можат да намирисаат рак на бели дробови преку здивот на сопственикот, или рак на простата и бубрег преку мирисот на урина.

Исто така, постојат назнаки дека кучињата дури можат да ги намирисаат промените на клетките од кожата и да откријат меланом, како и рак на дебело црево. Во поедини светски клиники користат посебно тренирани кучиња кои можат да намирисаат рак на дојка во рана фаза.

ИДЕНТИТЕТ

Повеќето луѓе меѓусебно се препознаваат според нивниот изглед, но не и кучињата. Тие за препознавање се потпираат на својот нос. За кучињата секој поединец има единствен мирис исто како отпечаток на прстите.

Експертите тврдат дека кучињата можат да препознаат луѓе или места, дури и кога нивниот мирис помешан со парфем или прикриен со туѓо присуство. Дополнително, кучињата разликуваат идентични близнаци само по мирисот. Таа способност полицијата и другите служби ја користат кога е потребно да се трага по изгубени луѓе или во други итни ситуации.

ЕПИЛЕПТИЧЕН НАПАД

Кучињата можат да откријат дека на сопственикот му се заканува епилептичен напад 45 минути пред тој да започне. Иако не се знае точниот механизам на откривање, се претпоставува дека кучето може да намириса посебен мирис кој човекот го ослободува пред самиот напад. Во тој случај кучето може чудно да се однесува, да лае и да ‘ржи. Исто така, во текот на нападот кучињата остануваат покрај своите сопственици и ги чуваат.

ЗНАЕ ДЕКА СТЕ ДОПИРАЛЕ ДРУГО КУЧЕ

Кучињата меѓусебно испраќаат пораки со испуштање на феромони, хемиски соединенија кои ги лачат преку урината, кожата, крзното и фекалните материи. Ако сте посетиле пријател кој има куче, вашиот љубимец тоа веднаш ќе го знае.

Ќе ве намириса кога ќе се вратите дома за да дознае со кој сте се дружеле. Информацијата која ќе ја добие, ќе се однесува за тоа каков вид на куче сте погалиле, голку големо и дали е здраво. Доколку е љубоморно, тоа ќе се однесува како навредено и ќе одбива контакт со вас.

БРЕМЕНОСТ

Секоја, па и најмалата промена во нашиот телесен мирис, кучето веднаш ќе ја намириса. Ако сте бремени, телото поминува низ низа хормонални промени кои вашиот миленик едноставно не може да ги игнорира. Експертите велат дека кучето може многу рано да ја открие бременоста на сопственичката само според нејзиниот мирис и начинот на движење на вашето тело. Бидејќи за нив сте станале друла личност, би можеле да го променат и односот кон вас.

ОЛУЈА И УРАГАН

Кучињата се многу поблиску до природата отколку ние луѓето. Со надушкување на воздухот можат да предвидат и најмали промени во временските услови. Дополнително имаат изострено сетило за геомагнетно поле и вибрации, па нивното предвидување за промена на времето навистина може да биде точно.

АДИСОНОВА БОЛЕСТ

Болеста на надбубрежната жлезда која пациентот може да го доведе во животна опасност (често паѓаат во несвест и им е потребно оживување). Кучето тоа го чувствува и почнува чудно да се однесува.