Вака го правам ајварот повеќе од 20 години и сите ме прашуваат за рецептот…(без лупење). Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
4 кг црвени пиперки, исчистени од семки и исечени крупно
1 кг модар патлиџан, излупен и исечен на тркалца
5 чешниња лук
1-2 лути пиперки
малку сол, малку шеќер
500 мл масло
За обарување:
во 3 литри зовриена вода додајте:
100 мл масло
50 мл оцет
3 супени лажици сол
5 коцки шеќер (5 лажички)
ПОСТАПКА:
1.Пиперките сипете ги во зовриената маринада, дел по дел и варете ги по неколку минути колку да омекнат. вадете ги со решеткава лажица, а кога ќе завршите со нив, постапката повторете ја и со модриот патлиџан.
2.Обарените пиперки, мпдриот патлиџан и останатиот зеленчук сомелете ги во мултрипрактик. Во широко тенџере загрејте го маслото, па сипете го мелениот зеленчук. Штом зоврие, намалете ја температурата.
3.Ајварот варете го приближно еден час на ниска температура (јас го варев точно 1 час, на 1-2 од шпретот). Нема потреба постојано да го мешате, само од време на време.
4.На крај посолете го по вкус и ако сакате да биде мазна конзистенција сомелете го со рачен блендер (не мора).
Врелиот ајвар складирајте го во врели тегли, веднаш затворајте ги и превртувајте ги за да се вакуумираат. Постапката погледнете ја ОВДЕ.