Home ТЕСТО УШТИПЦИ МЕКИ КАКО ПАМУК…Брз појадок, без квасец…

УШТИПЦИ МЕКИ КАКО ПАМУК…Брз појадок, без квасец…

УШТИПЦИ МЕКИ КАКО ПАМУК…Брз појадок, без квасец…

Уживајте во вкусни и меки уштипци за појадок, подготвени брзо и лесно без употреба на квасец.

Овој рецепт е идеален за оние кои сакаат едноставна, а сепак вкусна опција за утринскиот оброк. Следете ги чекорите за да добиете совршено крцкави уштипци со мека внатрешност.

Потребни состојки:

– 2 јајца
– 400 г густ јогурт или кисела павлака
– 1 лажичка сол
– 600 г брашно
– 1 лажичка сода бикарбона
– НМД

Постапка:

1. Во подлабок сад, измешајте ги јајцата, густиот јогурт (или киселата павлака) и солта додека да добиете хомогена смеса.

2. Додајте го брашното и сода бикарбоната, па замесете меко тесто кое е лесно лепливо за рака, но не премногу.

3. Оставете го тестото да отстои 10 минути, покриено со кујнска крпа за да се отпушти, но ако немате време можете и веднаш да продолжите со работа.

4. На набрашнета работна површина, истресете го тестото и со оклагија развлечете го во кора со дебелина од 0,5 до 1 см.

5. Исечете го тестото на ромбовидни форми или други облици по желба. Со виљушка направете неколку дупчиња на површината на секое парче.

6. Загрејте масло во тава на средна температура. Пржете ги уштипците по неколку минути од двете страни додека н=да добијат златнокафеава боја.

7. Отстранете ги од тавата и ставете ги на кујнска хартија за да се исцеди вишокот масло. Сервирајте ги топли со јогурт, сирење или нешто по ваш вкус.

Целата постапка со детали можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ: