Home Вести Уште еден од многу излекувани пациенти од ковид центарот на нашата клиника...

Уште еден од многу излекувани пациенти од ковид центарот на нашата клиника заминува дома

Овој 55 годишен велешанец по една недела лежење во инфективното одделение во Велешката болница решил да го побара својот спас во нашата клиника.

Во ковид одделението на нашата клиника веднаш почнал процесот на хемофилтрација за што сведочи и самиот пациент.

Опоравувањето течело бавно, поради неговата тешка состојба во која бил донесен … но, сепак, по неколку дена се појавиле првите знаци за надеж дека ќе биде подобро.

Брзо и ефикасното лекување е клучот на успешниот третман за што говори и нашиот пациент. Тој упатува порака до сите кои се болни да не чекаат да им се влоши состојбата па потоа да бараат спас.