Подгответе тулумби по вистински турски рецепт. За уште подобар вкус на колачот му додаваат една евтина состојка. Тулумбите се, без никакво сомневање, една од омилените турски колачи.

Нашите баби ги подготвуваа, а нивниот мирис и изглед веднаш нè враќаат во детството. За разлика од домашниот рецепт за тулумби, овој вклучува уште една состојка, а тоа е гризот. Вареното тесто натопено во сладок сируп никого не остава рамнодушен. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ За сирупот: 1 кг шеќер, 1 литар вода, сок од исцеден 1 лимон. За тестото: 100 г путер, 700 мл вода, сок од 1/2 лимон, 1.5 лажички сол, 2 лажици шеќер, 700 г брашно, 4 јајца, 100 г гриз, 400 мл масло

ПОСТАПКА: Во тенџере сипете вода и шеќер, добро измешајте, па оставете да се вари на средна температура. Додајте го сокот од лимон и оставете го да се готви уште 15 минути, повремено промешувајќи.

После тоа, исклучете го шпоретот и оставете го сирупот да се излади. Во полурастопен путер во длабока тава додајте вода, сокот од лимон, сол, шеќер и убаво измешајте.

Кога ќе се растопи додадете го брашното, па со шпатула мешајте додека да се формира компактно тесто.

Мешајте го тестото уште неколку минути додека да добиете малку погуста структура и почне да се одвојува од ѕидовите на садот, па пресипете го во друг сад и оставете го да се излади.

Во оладеното тесто прво додајте 2 јајца, измешајте или измесете со рака ако ви е полесно додека јајцата да се инкорпорираат, па додајте уште 2 јајца. Кога убаво ќе измешате оставете да отстои неколку минути, па додајте го гризот.

Добро измешајте, па добиеното тесто ставете го во готварски шприц со продолжеток за тулумби. Истиснете го тестото и исечете го со ножици дирекно во длабоко, ладно масло.

Вклучете да се раглрева на умерена температура и пржете ги тулумбите со повремено промешување додека убаво да заруменат од сите страни.

Вадете ги со решеткава лажица и ставете ги во изладениот сируп 15 минути.

Малку потиснете ги и превртете ги за рамномерно да се натопат. Потоа извадете ги и чувајте ги во соодветен сад до послужувањето. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.