Туршијата е омиленото зимско јадење кое гарантира дека ќе ги внесете потребните витамини и минерали во текот на зимата. Подгответе си ја според личните потреби во тегли и уживајте во неа преку целата зима.
Туршијата е витаминска салата која изгледа многу декоративно и може да се послужи за новогодишните и божиќните празници.
Koментар на Милена: „Според моето искуство, винобранот и маслото не се мешаат добро, па затоа препорачувам да се избере само едно за употреба. Инаку, имам над 70 години и имам големо искуство. Ви благодарам.“
Коментар на Гоца: „Прекрасна салата драга моја Нина. Јас ја правам на ист начин и секогаш е супер. Само што не ставам вински оцет или конзерванс во неа, туку секогаш во рерна.“ Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Изберете зеленчук што го имате и го сакате, исечете ги на помали парчиња како за шарена салата. На 5 кг зеленчук се додава: 5 лажици сол, 15 лажици шеќер, 3-4 лажици есенција, 100-130 мл масло, црн пипер, ловоров лист, 1 конзерванс – 5 г, 1/2 винобран – 5 г
Од зеленчук може да користите: 2 кг зелка, зелени пиперки, зелени домати, краставици, карфиол, моркови, црвен кромид…
ПОСТАПКА: Пресечете ја главицата од зелка на помали парчиња (на четвртини) и изрендајте директно во поголемо тенџере. Доколку ви е полесно, може и ситно да ја исечкате.
На истиот начин изрендајте го или исечкајте го и останатиот зеленчук. Јас користев моркови, зелени домати, кисели краставички и црвен кромид.
Во овој рецепт имав малку повеќе од 5 кг зеленчук, но количината е приближно таа. Кога сѐ ќе исечкате, соединете ги зеленчуците во тенџерето.
Посолете со 5 лажици сол (на 1 кг зеленчук по 1 лажица сол) и 15 лажици шеќер (на 1 кг зеленчук по 3 лажици шеќер). Додајте црн пипер со цело зрно, неколку ловорови листови.
Додајте есенција или оцет, кој што сака, отприлика 3-4 лажици. Измешајте и оставете да отстои 2 часа. Потоа, кој сака може да додаде 1 кесичка конзерванс и 1/2 винобран и масло.
А кој не сака да користи конзерванс, може да го примени начинот со пастеризација во рерна на 90 степени, 1 час. Складирајте ја салатата во тегла и чувајте ја на темно и ладно место. Деталите погледнете ги ОВДЕ.