Одличен вкус, едноставен рецепт, брз, на сите им се допаѓа. Супер рецепт за ситни колачи.
Потребни состојки за црно тоблероне:
8 лажици шеќер во прав
4 жолчки
250 г путер или маргарин
100 г црно чоколадо
100 г крупно сечкани ореви или лешници
100 г мелени бисквити
За бело тоблероне:
8 лажици шеќер во прав
4 жолчки
250 г путер или маргарин
100 г бело чоколадо
100 г сечкани желе бонбони
100 г мелени бисквити
Постапка:
1.Жолчките и шеќерот добро изматете ги, па сварете ги врз пареа. Садот во кој ќе ги матите ставете го врз тенџере со вода која врие.
2.Штом се загрее смесата од жолчки додајте го путерот исечкан на листови и 100 г чоколадо искршено на коцки.
3.Мешајте додека да се растопат а смесата да се изедначи, за што е потребно приближно 15 минути.
4.Потоа додајте крупно сечкани ореви или лешници за црното тоблероне (за белото сечкани желе бонбони) и 100 г мелени кекси.
5.Смесата излејте ја во обложен калап со облик на триаголник и оставете да се стегне во фрижидер преку цела ноќ. Следниот ден извадете го од калапот и оставете го да се потсуши.
Сoolinarika.сom