Прочитајте какви се’ моќи кријат мачките па ќе сфатите зошто старите Египќани ги сметале за свети и божествени. Дали ви пречи кога мачката се умилкува и се мотка околу вашите нозе? Не ја одбивајте бидејќи таа во текот на овој чин со вас ги споделува своите астрални сили. Ако ја отфрлите, себеси се лишувате од дополнителна позитивна сила која мачката сака да ви ја подари.

Со мачките не постои вторпат. Тие не можат повторно да ви ги дадат таквите астрални сили, а може да се случи да ги повлечат назад силите кои претходно ви ги дале. Мачките се заштитници на домаќинството во кое живеат, го штитат домот од зли духови – во ова се верува уште многу одамна.

Територијата која мачката ја смета за своја ја благословува со позитивна аура. Според преданието, нејзиното присуство помага и доколку некој се всели во стара куќа во која веќе некој порано живеел. Кога мачката ќе пронајде зли духови во куќата, според тврдењата на познавачите од оваа област, таа се обидува да ги утврди нивните намери, а потоа ги отстранува во целост од домот со помош на своите астрални способности.

Човекот може да и помогне на својата мачка во таа мисија, доколку целиот простор го окади со пелин. Пелинот се смета за многу моќна алатка. Се верува дека мачката помага во заштита од негативни влијанија, па во нејзино друштво треба да уживаат сите оние кои се сомневаат дека ќе им биде пренесена опасност од нешто, стравуваат од уроци или премногу често се среќаваат со некој кон кого го врзуваат негативни емоции.

Советот на овие познавачи – е мачката да се мази со двете раце, да и се милува левата шепа и да се продолжи така се до опашката.

Тоа е мистичен совет за ускладување со моќното животинско царство кое ќе ги елиминира сите негативни влијанија. Мачките се канали низ кои се пренесува космичка енергија и тие може да доведат голема количина позитивна енергија во домот и околината на луѓето.

Мачките одбираат геопатогена зона во куќата во која живеат. Тие зони се места каде течат големи количини негативна енергија. Во Русија постои ритуал при вселувањето да се пушта мачка во куќата. Доколку станува збор за стара куќа, мачката ќе ја елиминира негативната енергија која ја оставиле претходните сопственици и ќе привлече силна, чиста енергија во домот.