Фото и рецепт: Liza Alex

Црната алва ми е многу вкусна, ја правам и без масло во посните денови.

Рецептот што најчесто го правам е следниот: мерката е шолја за кафе.

Потребни состојки:

1 шолја вода

2 шолји масло

6 шолји шеќер

6 шолји брашно

1 шолја какао или чоколадо во прав

150 г сечкани ореви (или лешници, бадеми или не мора ништо)

Во еден сад на оган ставете ги водата, маслото и шеќерот. Брашното и какаото добро промешајте ги да нема грутки.

Кога ќе се стопи шеќерот додадете го брашното, какаото и оревите, па постојано мешајте додека смесата да згусне.

Освен ореви, по желба можете да додавате лешници, бадеми, желе бонбони, кандирано овошје… или не мора ништо.

Излевате во калап да се стегне, па сечете и декорирате по желба.

Фото и рецепт: Liza Alex