Циметот е една од најздравите намирници и главно се користи за подобрување на вкусот на колачите или пијалаците. Циметот е природен лек. Содржи манган, железо, калциум, бакар и цинк, главно минерали кои недостигаат во повеќето намирници. Од витамини содржи витамин Ц, К, пиродоксин (Б6) и рибофлавин (Б2).
Најздравата комбинација е цимет и јогурт. Најдобро е да користите јогурт со низок процент на масти. Истражувањата покажале дека половина лажичка цимет дневно може да го намали нивото на шеќер во крвта и се препорачува како превенција од дијабетес тип 2.
Научниците исто така тврдат дека циметот може да го намали високиот холестерол и триглицеридите.
Мешавината од цимет и јогурт не е само добра за целокупното здравје, туку и за одржување на виткото тело. Ако ја користите оваа комбинација една седмица, резултатите ќе започнат драстично да се забележуваат.