Home Останато Убавина и нега Ефикасен домашен рецепт за отстранување на стрии

Ефикасен домашен рецепт за отстранување на стрии

Стриите се линеарни атрофии на кожата, кои настануваат на места на кои кожата најмногу се растегнува. Почесто се јавуваат кај жените. Во пубертет околу 60% од девојките и 40% од момците добиваат стрии, додека голем процент од бремените жени ги добиваат најчесто во текот на шестиот месец од бременоста. Може да се јават и како последица на големи варијации во телесната тежина.

Ако имате стрии, ви препорачуваме да го пробате следниот рецепт:

Потребни состојки:

1 лажица шеќер

1 лажица ризинусово или маслиново масло

½ цеден лимон

1 капсула витамин Е.

Постапка:

Сите состојки измешајте ги додека да се соединат. Смесата применете ја на зафатените места. Масирајте со кружни движења. Најдобро е да триете со четка за да се подобри циркулацијата на тоа подрачје на телото каде се појавиле стриите.

Повторувајте ја постапката секој ден, 2 до 3 минути. Смесата може да стои во фрижидер до 3 седмици.