Богородица ја благословила оваа билка да лекува од секакви болести

Жалфијата се поврзува со Богородица кога билката со помош на своите листови ја сокрила и спасила од Иродовите прогонители. Тогаш Богородица ја благословила со овие зборови:

„Од сега па до вечноста ќе бидеш омиленото цвеќе на човекот. Ти давам сила да лекуваш од секаква болест; спасувај ги луѓето од смртта како што ме спаси и мене!“

Долг е списокот на болести кои се лекуваат со жалфија.

Познат е податокот дека чајот од оваа билка ги неутрализира отровните материи, па затоа освен за пиење се користи и за испирање на грлото во случај на гнојни крајници, парадентоза, воспалено грло и расклатени заби, крварење на непцата, афти и слично.

РЕЦЕПТ ЗА ЛЕКОВИТО ВИНО СО ЖАЛФИЈА

Потребни состојки:

1 литар квалитетно вино
80 г свежи или 3 супени полни лажици суви листови од жалфија.

Постапка:

Потопете ги листовите во вино и чувајте го 8 дена (во меѓувреме некој да не ви го испие : – ) )
Процедете го, складирајте го во стаклено шише или тегли, добро затворете.

Се користи само по една мала чашка со оброк.

Loading...