Познато е дека минералната вода ја поттикнува дигестијата и овозможува подобар проток на храната низ цревата.
Циметот од друга страна, ефикасно делува врз регулацијата на шеќерот во крвта, го загрева телото и го забрзува метаболизмот.
Лимонот го подобрува ова делување и го снабдува организмот со витамин Ц, делува стимулирачки врз цревата и ја тригира нивната перисталтика.
Комбинацијата од овие три состојки поттикнуваат природно и здраво слабеење, особено на масните наслаги натрупани на стомакот.
Воедно, овој напиток го намалува апетитот и создава чувство на ситост.
Потребни состојки:
1 чаша газирана, минерална вода
½ лажичка цимет во прав
½ лимон – сок
Постапка:
Во чаша со газирана вода додадете цимет во прав и свежо исцеден сок од половина лимон. Смесата ќе запени, па затоа користете повисока чаша.
Убаво промешајте додека да се изедначат состојките. Напитокот се препорачува да се пие двапати дневно, наутро и навечер, половина час пред јадење.