Потребни состојки:
100 мл топла вода
1 сув квасец
500 г меко брашно
½ лажичка сол
250 г домашна маст или путер
1 лимон – кора
120 мл слатка павлака
1 ванилин шеќер
2 жолчки
1 јајце
Фил:
250 г мелени ореви
1 ванилин шеќер
1 лимон кора и сок
100 г шеќер
2 белки
И уште:
Шеќер скристал за валкање
Белка за премачкување
Постапка:
За тестото: во вода растопете го квасецот, па кога ќе запени додадете ги останатите состојки и замесете тесто кое не се лепи. Тестото поделете го на 4 делови и секое посебно поделете го во пластична фолија и оставете во фрижидер добро да излади или оставете го преку ноќ.
Во меѓувреме направете фил: белките изматете ги во цврст снег, а во посебен сад измешајте ги другите состојки, па со шпатула/лажица измешајте и соединете. Смесата ќе биде густа и цврста. Оставете на страна додека го развлечете тестото и го исечете.
На подлога наросена со кристален шеќер развлечете го тестото на коцка со димензии 25х25 см, па исечете на помали коцки 5х5. Секоја коцка премачкајте со малку ½ лажичка фил и свиткајте во мало ролатче –цилиндар.
Добиените цилиндри редете ги на плех обложен на хартија за печење, па премачкајте со белка и печете во загреана рерна на 170 степени 12-15 минути, додека лесно да заруменат.
Печените цилиндри префрлете ги на решетка за ладење и оставете целосно да изладат, па дури потоа лесно наросете ги со шеќер во прав.
Чувајте ги во кутија со цврст капак.