Home Останато Корисно Церемонија за чистење од негативна енергија во домот со помош на цитрусно...

Церемонија за чистење од негативна енергија во домот со помош на цитрусно овошје

Според Фенг шуи, кората од портокалот може да послужи за чистење на домот од негативна енергија и на тој начин да се поврати хармонијата во него. Единствено што ќе ви биде потребно за овој мал ритуал на чистење се:

3 свежи портокали

вода

стаклен сад и

свежо цвеќе

Постапка:

1.Излупете ги портокалите, земете ја кората, а плодовите изедете ги. Поделете ја кората на секој портокал на 9 парчиња. Ставете ги во сад и прелијте со врела вода до ¾ од садот.

2.Повторете ги следните зборови: “Со оваа церемонија се исфрла негативната енергија од мојот дом и се заменува со позитивна.

3.Садот ставете го на влезот доколку сакате да го исчистите целиот дом. Со таа вода попрскајте ја целата куќа и повторувајте ги зборовите од претходно. Поминете ги сите соби и не ги заборавајте плакарите.

4.Водата и корите фрлете ги, а плодовите од портокалите изедете ги заедно со вашето семејство.

5.После ова чистење, отворете ги прозорите и вратите за да се исполни домот со свежа енергија.

6.Поставете свежо цвеќе во средишниот дел од собата или домот.

Во следните 9 дена трипати заменете го цвеќето.

Нека биде тоа на секое три дена, а последниот букет нека остане додека да свене.