ЦЕЛ ЖИВОТ БАРАМ ВАКОВ КОЛАЧ СО МАК: Чисто совршенство, со мерки на чаша

Овој рецепт е многу стар и е пренесуван од колено на колено, а до ден денес може да се најде во некои слаткарници кои задржале некои традиционални слатки. Можете да го направите и од дома, а за него ќе ви биде потребна само 1 чаша за да ги измерите состојките.




Лесно се памти, така што еднаш штом го прочитате, веднаш ќе знаете да го направите. Многу е вкусен, сочен и неодолив. Јас го јадев како мала, па дури пред некое време го најдов рецептот кој случајно ми го поклони една пријателка. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 2 чаши шеќер, 2 чаши мак, 2 чаши млеко, 1 чаша масло, 3 чаши брашно, 1 кесичка прашок за печиво. За преливот ќе ви биде потребно: 1 чаша шеќер, 1 чаша вода, ½ чоколадо за готвење, 2 лажици какао. Како мерка се користи чаша од 200 мл.




ПОСТАПКА: Жолчките се одвојуваат од белките и се тргаат настрана. Белките се матат во посебен сад со миксер, додека да станат пенасти, а потоа постепено се додава шеќерот, чаша по чаша. Наизменично матете со миксерот додека шеќерот да почне да се растопува во пената.




Започнете да ги додавате жолчките, една по една и матете ги со миксерот до разредување. На истиот начин се додава и маслото, па потоа млекото. Брашното и прашокот за печиво се додаваат на крај, просеани.




Со најмала брзина на миксерот матете и тогаш додајте го макот. Соединете во еднолича, течна и мазна смеса. Оваа смеса не би требало да ви прави проблем со грутчиња бидејќи е постојано во движење заради миксерот.




Во намастен и набрашнет плех со димензија по желба (тоа ја одредува дебелината) излејте ја смесата и протресете ја од рамна површина сосе целиот плех. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени. За мојата големина на плех, печев 35 минути, толку ми беа доволни, а колачот сепак беше 2-3 прсти висок.




Во меѓувреме подгответе го преливот: шеќерот, водата, чоколадото и какаото ставете ги на загреана рингла и со повремено мешање почекајте смесата да зоврие и да се соедини. Оставете да вари уште малку, а потоа тргнете од рингла.




Печениот бисквит пресечете го на коцки со големина по желба, а потоа прелијте го со чоколадниот фил, додека е врел. Оставете добро да се впие, некое време, а потоа послужете. Може да го декорирате со мелени ф’стаци измешано со мелени ореви. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.




Претходна статијаГи фрлам палачинките во врело млеко и стануваат најубави, мора да ги пробате – ова го „украдов“ од еден познат готвач
Следна статијаБилкарот Момчило советува: Покрај глуварчето, користете ја и оваа многу лековита билка