Фотографија и рецепт на Даница Данче Стојева.

Оваа оригинална идеја на нашата драга членка Данче Стојева е одлична! Рецептот е совршен, добивате мали и вкусни мафини кои многу брзо се приготвуваат. Калапчињата од паштетите не ги фрлајте, туку собирајте ги, а потоа тие можат да ви послужат за најразлични намени. Рецептот беше објавен во нашата група НМД рецепти.

Потребни состојки: 4 јајца, 1 прстофат сол или по вкус, 100 мл масло, 1 чаша (од 200 мл) јогурт, 2 чаши брашно, 1 прашок за печиво (може и половина), 150 г шунка, 150 г дробено сирење, 5-6 кисели краставички, 2 моркови варени и малку магдонос

Постапка: Морковите се варат, се цедат и се сечкаат ситно. Киселите краставички исто така се сечкаат ситно, се цедат од вишокот течност. Шунката се сече ситно, сирењето се дроби. Магдоносот ситно се сечка.

Јајцата со малку сол се матат со миксер околу 5 минути. Потоа се додава маслото, јогуртот, брашното и прашокот за печиво. Се промешува добро, а потоа една по една се додаваат останатите состојки.

Се црпи од смесата и се полнат претходно намастени калапчиња од паштети и наросени со брашно, а може да користите и обични калапи, плех или куглоф. Калапчињата не треба да се преполнуваат.

Се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути или според вашата рерна и секако калапот што ќе го користите.

Фотографија и рецепт на Даница Данче Стојева