Трилече за 5 минути по рецепт кој ќе го запамтите веднаш по првото приготвување!

Трилече е колач која кај нас стана многу популарен во последните неколку години, а го обожаваат и „старо и младо“. Покрај тоа што се прави неверојатно лесно и брзо, вкусот веднаш осовојува, и за час го снемува од трпезата. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

5 јајца
9 лажички шеќер (140 г)
13 лажици брашно (220 .)
12 г прашок за печиво
1 литар + 200 мл млеко
600 мл слатка павлака
500 г карамела

ПОСТАПКА:

Во длабок сад скршете ги јајцата и шеќерот и добро изматете со миксер, па додајте брашно и прашок за печиво и рачно измешајте со жица-маталка за да остане тестото воздушесто.

Добиената смеса истурете ја во намастен плех со средна големина и печете во загреана рерна на 250 степени на следниот начин: печете ги првите пет минути на оваа температура, а потоа намалете и следните 25 минути печете на 180 степени, но внимавајте да не се препече.

Додека смесата се пече, подгответе го преливот – соединете ги млекото и слатката павлака и убаво измешајте.

Кога бисквитот ќе се испече, оставете го да „одмори“ пет минути и избоцкајте го со чепкалка за заби. Потоа прелијте го со млекото и премачкајте го со карамела. Прочитајте и: „Го барав овој рецепт цела година – оригинално ТРИЛЕЧЕ: Колач кој се топи во уста, нема повкусен’ – ОВДЕ.