Трикови за ИТНО стопирање на крварењето од носот

Крвавењето од носот може да биде доста непријатно, особено ако сте на работното место, во автомобил или на состанок.

Ако сакате брзо да го стопирате крвавењето, пробајте ги овие трикови кои навистина делуваат:

1.Притиснете ја вистинската точка

-Седнете рамно и наведнете ја главата малку напред (за да го спречите истекувањето на крвта во грло)

Loading...

-Нежно издувајте го носот за да ги отстраните евентуалните крвни згрутчувања

-Притиснете со показалецот и палецот на мекиот дел од носот, веднаш под ’рскавицата, и така држете околу 10 минути.

2.Направете компресија

-Направете цврста ролничка од газа или памучно марамче

-Компресијата сместете ја во уста, односно меѓу непцата и горната усна, веднаш под коренот од носот, па држете околу 10 минути.

-Ако ви пречи надворешно тело во устата, земете копче или метална паричка, па со прстот притиснете над горната усна (помеѓу усните и носот) и држете околу 10 минути.

Следниот е еден од најлесните и најбрзо делувачки трикови за сопирање на крварењето од носот:

3.Студена облога

-Коцка мраз или разладена облога ставете на страната од носот кој крвави.

-Држете ја облогата некое време, односно колку што можете да издржите, направете пауза па повторете ја постапката.

-Студената облога ги стега крвните садови и на тој начин се запира крвавењето.

-Сличен ефект за стегање на крвните садови има и спрејот за нос.

Превенција:

-Пијте доста течности. Водата го хидрира телото, а со тоа и слузокожата.

-Не претерувајте со клима уредите бидејќи на тој начин ви се суши слузокожата од носот.

-Одбегнувајте парацетамол бидејќи ја разредува крвта и со тоа се засилува крвавењето од нос.

-Зголемете го внесот на витамин Ц кој ги јакне крвните садови и ја штити слузокожата.

-Влажнете ја слузокожата со редовно инхалирање наутро и пред спиење; вшмркувајте солен раствор и испирајте го носот. Слузокожата мора да биде солена и влажна.

Loading...