Добиената смеса нанесете ја на лицето, одбегнувајќи ја областа околу очите. Оставете да делува 10 минути, а потоа измијте се. Резултатите ќе бидат веднаш видливи.

Речиси сите во некој период од својот живот се соочиле со грдите црни точки на лицето, односно со митесери или попознати како “црнки”.

Митесерите најчесто ги има на носот и околу него, но го зафаќаат и целото лице, покрај носот и брадата и челото.

Сепак постои природен и сосем евтин начин како на неинвазивен начин да се ослободите од нив и да ги исчистите порите – советуваат козметичарите.

Тие исто така, додаваат дека чистите пори се од особено значење за квалитетот и убавината на кожата, бидејќи од нив зависи колку кожата ќе “дише” и ќе ги впива хранливите креми за нега.

Важно е прво да се отстранат мртвите клетки кои митесерите ги заробуваат во потите од кожата. Тоа на ефикасен начин може да се направи со пилинг на лицето.

Не мора да купувате скапи препарати, доволно е да навлажните лицето и на него да нанесете талог од кафе, па со кружни движења да се протрие со јагодиците на прстите околу пет минути. Потоа се плакне со чиста вода.

Откако ќе го завршите првиот чекор, во врела вода ставете камилица, наведнете се на садот и покријте ја главата. Вака парете го лицето околу 10 минути. Оваа постапка е многу корисна и за прочистување на синусите. На овој начин се отвораат синусите и многу полесно се ослободуваат од митесерите.

Следи клучниот чекор: маска со која се отстрануваат митесерите и се чистат порите:

4 лажици сода бикарбона
малку газирана, минерална вода

Измешајте ги состојките за да добиете смеса слична на паста. Нанесете ја на лицето со кружни движења, особено на проблематичните места, одбегнувајќи ја областа околу очите. Оставете да делува 10 минути, а потоа исплакнете. Резултатите ќе бидат видливи веднаш, уште после првото нанесување. Завршете со хранлив, хидрантен крем.