Трик како да ги исперете вашите пожолтени перници и повторно да ги направите снежно бели…Еве што ви е потребно за растворот за чистење:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 чаша детергент за перење
1 чаша прашок за машинско миење садови
1 чаша бел оцет
1 чаша сода бикарбона
Длабок сад со топла вода
Соодветно намалете ги состојките доколку оваа количина ви е голема.
ПОСТАПКА:
1.Измешајте ги детергентот за перење, детергентот за миење садови, белиот оцет и сода бикарбоната во топла вода.
2.Добро измешајте да се растворат состојките.
3.Потопете ја перницата во оваа смеса еден час.
4.По натопувањето, перницата ставете да се испере со редовен циклус на машината наменет за перници.
Овој природен метод помага да се одржи хигиената, да се намалат здравствените ризици и вашите перници да изгледаат бели како снег.
Редовното перење на перниците, идеално на секои шест месеци, се препорачува за оптимална хигиена и здравствени придобивки“. Уште неколку совети за избелување на перницитев прочитајте ОВДЕ.